Анксиозност: Кога е вклучен „црвениот аларм“ да побарате стручна помош ?

Аксиозноста е непријатна состојба на вознемиреност, односно страшно очекување дека ќе се случи нешто лошо. Личноста која страда од анксиозност вообичаено очекува опасност и има чувство дека нема да може да се заштити од таа опасност или дека ќе му биде тешко да ги сноси своите последици. 

Симптомите кои најчесто се јавуваат кај оваа болест на денешницата се немир, вознемиреност, претерана грижа, нереални стравови, несоници. Во одредени ситации може да се јават и панични напади, особено ако се наоѓате во затворен простор, јавен превоз во толпа. Честопати при ваквите напади се случуваат препотувања, тремор во екстремитите, главоблка, дури чувство дека нешто лошо ќе ви случи, дека ќе умрете или добиете срцев удар. Но, добрата вест е дека нема ниту да настапи смрт, ниту пак доживувате некаков удар, тоа се само последици на долготрајно и континуирано потиснување на чувствата што и довеле со оваа емоционална ситуација. Доколку имате некои од овие симпотоми и континуирано се повторуваат време е да побарате стручна помош. 

Особено е важно личноста која се соочува со овие симптоми да не ја игнорира ситацијата туку да реагира навреме. Анксиозноста не бира пол, возраст, образование. Тоа е состојба во која може да се најде секој човек во денешницата. Студиите покажуваат дека доколку се реагира на време и доколку личноста , одлучи да се соочи со новонастаната ситација и реши да се „бори“, решение има. Во најголем дел од случаите, помага психо-терапијата. Тоа е процес во кој анксиозната личност, оди на сеанси кај стручно лице, психолог или психо-терапевт кој и помага да ги надмине своите емоционални стравови, да најде решение за здраво функционирање на личноста. 

Не секогаш на лицата кои страдаат од анксиозност им е јасно што довело до оваа состојба. Проблемите и околностите се различни и индивидуални, може да биде нереализирана љубовна врска, развод на брак, губење на близок член на семејството, преодна фаза во животниот циклус,(пуберт, мено-пауза), родителство, а не ретки се случаите на појава на анксиозност и по доживување на одредена траума, насилство во семесјтвото, на улица, во училиште, сообраќајна незгода или инцидент. Личноста која имала вавко лошто искуство, потребно е да биде искрена со „себе“, отворено да разговара за пробелмите со кои се соочува затоа што само така може да се дојде до посакуваниот резултат. 

Времето поминато до опоравување исто така е индивидуално. Некои луѓе успеаваат брзо да се справат и да ја надминат оваа состојба, но на некои им е потребен подолг период да се изборат со оваа состојба. Сепак, во целата ситуација треба да се пристапи отворено, храбро и упорно.  

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот