Категории на податоци кои се обработуваат:
Податоци за навигација
При посетата на нашатаплатформа, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата (IP) адреса;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете платформата.
- Колачиња
Пристап до податоците има само лицето кое е определено со административни привилегии.
Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат
Единствените лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата платформа се оние кои Вие доброволно ги доставувате при регистрација како и дополнување на Вашиот личен профил, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за проверка на Ваша легитимна заработка.
Може да собереме некој од следниве видови на лични податоци: име и презиме, поштенска адреса, и email.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен кога станува збор за пријавување на злонамерен напад или доколку Вие го побарате тоа (за Ваши лични промотивни цели).
Вашите лични податоци ги превземаме од Вас. Во времето на собирање, Вие сте информирани за специфичните цели за кои Вашите лични податоци се собираат. Личните податоци ги собираме преку полето за регистрација, вклучувајќи:
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во се додека сте регистрирани на платформата, доколку поднесете барање за исклучување на профилот, Вашите податоци се бришат комплетно при самото остварување на барањето.
Што се случува доколку не можеме да ги собереме Вашите лични податоци?
Доколку не ги добиеме потребните податоци кои се потребни, нема да можете да ја користите платформата Blogspera.