Веб платформата www.blogspera.com е во комплетна сопственост на Славчо Лучков и сите авторски права припаѓаат на истиот.
Целта на оваа платформа претставува нов начин на блогирање каде што е овозможено на корисниците, воедно да се и креатори на содржината на самата платформа.
Корисниците на платформата Blogspera се согласуваат да ги објавуваат своите текстови, и истите остануваат во нивна сопственост. Корисниците за истото ќе добиваат заработка пресметана според наведените стапки за исплата.
Доколку некој од корисниците се обиде да креира содржина која е несоодветна, неиздржана, навредлива, превземена или лажна, истиот првично ќе добие опомена која ќе содржи образложение што треба да се превземе за да не дојде до повторно такво случување. Доколку корисникот продолжи со несовесно креирање на содржина, истиот ќе биде отстранет од платформата без можност за повторно приклучување на истата. Доколку во било кое време корисникот одлучи да да го отстрани својот текст од платформата, истото може да го стори без никаква обврска кон Blogspera.
Корисниците кои ќе користат Public Proxies, VPN, TOR, Hosting Data Centers, Web Proxies, Bad search Engine Robots, и други алати со кои ќе пробаат да креираат злоупотреба на стапките за исплата, ќе бидат отстранети од платформата без никакво образложение!
Модераторот кој ги одобрува статиите во случај на пропуст не превзема никаква одговорност за содржината на статијата, и истиот се ограничува од одговорност.
Методите за исплата се менливи, и истите можат да бидат променети доколку се установи некаков подобар метод за исплата.
Стапката на исплата е менлива и истата може да варира во зависност од статусот на корисниците, и истата може да се промени со претходна најава, во рок не помалку од една недела. При постапка за побарување на исплата, истата ќе биде реализирана не повеќе од 5 работни денови, во зависност од методот на исплата.