Гитарата со којашто Курт Кобејн свиреше на култниот коцерт MTV Unplugged In New York продадена е за повеќе од шест милиони долари.
Купувачот е бизнисмен од Австралија под име Peter Freedman, за кој уште се знае и дека е сопственик на компанијата Rode Microphones, и планира да ја изложува гитарата низ светските галерии.
Према весникот Guardian, се работи и за нов светски рекорд за најскапо продадена гитара.
Да напоменеме дека овој култен концерт Нирвана го одржа во ноември 1993 година, на само 5 месеци пред смртта на големиот музичар.
Мора да сте логирани да напишете коментар.