Иако сè повеќе се трудиме да употребуваме нелепливи садови за готвење, сепак во секој дом има барем еден стар сад за готвење (во кој готвела нашата баба) во кој често готвиме бидејќи ни е многу практичен.
Но, кога ќе готвиме вкусни работи во некои од наште постари садови, дамки речиси секогаш остануваат. Еве неколку лесни и евтини трикови кои ќе ви помогнат да ги исчистите дамките и загорените делови на вашите садови:
Сол
Солта е една од најстарите и докажаните методи за чистење на изагорени тави и тенџериња. Ако сакате да го исчистите тенџерето, истурете доволно вода во него за да ги покриете дамките и додадете поголема количина сол.
Ставете го садот да врие околу 5-10 минути. Тогаш загорениот дел или дамките треба лесно да се отстранат. Можете исто така да додадете сол во детергентот за миење садови и ќе добиете абразивна мешавина за чистење.
Кока кола или било каков деру газиран пијалок
Важно е да реагирате брзо, бидејќи загорениот дел видлив на дното на садот во кој ја подготвувате храната, треба да се третира додека не се исуши. Затоа најчесто садот го полниме со топла вода. Обидете се со трикот со газиран пијалок или кока кола.
Додека дамката не се исуши (и веднаш штом ќе го извадите тенџерето од шпоретот), додадете газиран пијалок и оставете го да дејствува неколку минути. Ќе бидете изненадени од резултатот.
Сок од домати
Сокот од домати е ефикасен агенс за чистење садови. Природната киселина на доматите помага да се отстранат дамките од садовите, вклучително и загорени делови за време на готвењето.
Истурете мала количина сок од домат на кој сте додале сол во тенџере / тава или истријате ги дамките со оваа смеса. Оставете да отстои, а потоа повторно тријте со сунѓер и исплакнете.
Сода бикарбона
Не заборавајте за сода бикарбона, која е верен сојузник во чистењето на приборот за домаќинствата. Истурете сода на сунѓер за миење садови и додадете малку сок од лимон или оцет.
Добро тријте ги дамките и оставете неколку минути. Ако дното на тенџерето / тавата е загорено, ставете малку вода, оцет и сода бикарбона во неа и оставете неколку минути.
Сок од лимон
Природна киселина исто така може да го олесни чистењето на загорените садови. Третирајте ги дамките директно со сок од лимон или добро истријте ги со парче лимон. Потоа оставете го садот неколку минути и измијте го со детергент за садови.
Мора да сте логирани да напишете коментар.