Магнезиум за подобар сон

Третина од својот живот човекот го поминува во спиење. Добриот сон има огромна важност за здравјето на целиот организам. Неправилната исхрана може да го наруши здравиот режим на спиење. Поради тоа потребно е во својата исхрана да внесувате повеќе витамини и минерали што имаат позитивно влијание врз сонот.

Магнезиумот е еден од најважните микроелементи кои го нормализираат сонот. Да видиме какво влијание има овој микроелемент врз организмот на човекот и зашто е опасен неговиот недостаток.

Зошто на организмот му е потребен магнезиум и какво е неговото влијание врз нашиот сон?

Магнезиум е составен дел на секоја клетка и сврзувачките ткива. Тој учествува во голем број процеси што се одвиваат во нашиот организам: контракција на мускулите, производство на енергија, нормализирање на работата на нервниот систем, одржување на оптималното ниво на шеќер во крвта, како и регулирање на сонот. Магнезиум им овозможува на клетките да ги извршуваат нивните директни функции. Во зависност од полот и возраста на еден човек во просек дневно му се потребни од 310 до 420 мг магнезиум, при што, колку што сме постари, толку повеќе се зголемува нашата потреба од овој микроелемент, чиј недостаток може да предизвика низа различни неповолни последици. Најчесто недостатокот на магнезиум се јавува како резултат на погрешната исхрана: внесување на преголема количина шеќери, производи од бело брашно, термички обработена храна итн. Честопати нормалното апсорбирање на микроелементите е спречено поради недостатокот на витаминот Д, долготрајното земање антибиотици, штетните навики, стареењето и, што е најважно, поради долготраен континуиран недостаток на сон.

Зошто се нарушува сонот и како може да ни помогне магнезиумот?

Со тек на годините вообичаено се намалува квалитетот и времетраењето на сонот. Голем број луѓе ги мачи несоница, а тоа има негативно влијание врз квалитетот на нивниот живот. Ако имаме лош сон во тек на само една седмица, може да се јават:

-          промени во системот на рецепторите кои го регулираат нивото на кортизол и серотонин;

-          невролошки и хемиски промени во мозокот;

-          симптоми на депресија итн.

Во одржувањето на здравиот сон ни помагаат специјалните додатоци во исхраната што содржат магнезиум, благодарение на кои во претпладневните часови се нормализира нивото на кортизол или хормонот на стрес. Високото ниво на кортизол, како и интензивните физички и емоционални преоптоварувања навечер доведуваат до тешкотии при заспивањето, а наутро до тешкотии со будењето. Затоа првиот чекор за нормален сон е нормализирање на хормонот кортизол. Покрај тоа, многубројните истражувања покажаа дека додатоците во исхраната што содржат магнезиум го одржуваат оптималното ниво на мелатонин – хормонот што има позитивно влијание врз нашиот сон.

Процесот на заспивање може да се забрза со помош на диета, а поточно, со вклучување во исхраната на продуктите што се богати со магнезиум:

- житарки

- јаткасти плодови

- грав, грашок, леќа и соја

- зелена салата и спанаќ

- интегрален леб

- риба и морски плодови

- мисиркино месо

- банани

- чоколадо.

Зголемувањето на нивото на магнезиум во нашиот организам има исклучително големо значење бидејќи овој микроелемент го регулира нивото на хормоните што се неопходни за добар сон, како и на хормоните што ни помагаат во справувањето со психолошкиот стрес.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот