Многу од жените во светот не се задоволни со влакната кои се честа појава на човековото тело. Затоа, често ги посетуваат салоните за разубавување и ги отстрануваат. Но, во летната сезона кога сакаме да носиме мини фустанче или краток шорц, а немаме доволно време да посетиме салон за депилација, добро е да си овозможиме депилација во домашни услови.
Овој трик е многу едноставен и веројатно ќе помогне на многу девојки или момчиња кои се соочуваат со овој проблем.
Се што ви е потребно е:
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици вода
- 1/2 лажичка лимонтус
- крпчиња (од стар чаршав кој не го користите)
Сите состојки се ставаат во тенџере и се загреваат додека не добиете убава смеса која започнува да ја променува бојата. Кога ќе добиете течна и жолтеникава смеса време е да го тргнете тенџерето од оган и важно е да не престанете со мешање на смесата за да не се карамелизира. После 10 минути откако сте ја тргнале смесата од огнот може да мачкате на местата со влакна но, со цел да не се појавуваат поткожни влакна, важно е да мачкате во обратен правец, а да повлекувате со крпчето кон правец од растењето на влакната.
Ова наједноставно решение ќе ви помогне и можете да кажете збогум на влакната.
Мора да сте логирани да напишете коментар.