На денешен ден (24.06.) во музичката историја

 

- 1944 година роден е Chris Wood, британски музичар, оснивач на бендот Traffic. Како музичар соработувал и со Jimi Hendrix, Free, Small Faces. Починал 1983 година, од пневмонија.

 

- 1944 година роден е Jeff Beck, британски музичар и гитарист. Бил член на бендовите The Yardbirds (заедно со Eric Clapton), Jeff Beck Group (оснивач) и во Beck, Bogert & Apice.

Со многубројни признанија, еден е од најдобрите и највлијателни гитаристи на сите времиња.

 

- 1947 година роден е Mick Fleetwood, британски музичар, тапанар, актер, оснивач и лидер на музичките гиганти Fleetwood Mac.

 

- 1949 година роден е John Illsley, британски музичар, најпознат како бас гитарист и еден од оснивачите на Dire Straits.

 

- 1969 година Led Zeppelin ja снимаат "Whole Lotta love", која подоцна ќе стане една од најголемите рок химни на сите времиња.

 

- 2007 година The White Stripes со албумот "Icky Thump" доаѓаат на местото број 1 на британската албум листа. Албумот е добитник на Греми награда Best Alternative music album во 2008 година. Тоа е воедно и последен албум на бендот. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.