На денешен ден (25.06.) во музичката историја

- 1963 година роден е Georgios Panayiotou, познат како George Michael, британски музичар, пеач и текстописец. Пред да ја започне својата соло кариера и да стане еден од најпопуларните и најпродавани Поп пеачи на сите времиња, бил член во дуото Wham! со кој гo американскиот и британски број 1 сингл "Wake me up before you go go". Починува 2016 година, на возраст од 53 години. 

 

- 1967 година, 200 милиони луѓе преку сателит во живо ги следеле The Beatles во нивниот перформанс на песната  "All you need is love" како дел од глобалниот ТВ линк "Our World". Како пратечки вокали учество зеле и Mick Jagger, Keith Richards, Eric Clapton i Keith Moon.

 

- 1983 година The Police го издаваат својот четврти број 1 британски албум "Synchronicity" на кој се наоѓаат песните "Every Breath You Take" и "Wrapped around your finger".

 

- 1984 година Prince го објавува албумот "Purple Rain". Тоа е негов прв албум со неговиот бенд Revolution. "Purple rain", "When Doves Cry", "Let's go crazy" се некои од песните кои се појавуваат на албумот. 

 

- 2009 година на 50 годишна возраст починува Michael Jackson. Во своите тинејџерски години настапува како дел од поп сензацијата The Jackson 5, а подоцна како соло артист станува најголемата и најпродавана Поп ѕвезда на сите времиња. 4 од неговите соло албуми се меѓу најдобрите и најпродавани албуми на сите времиња: Off The Wall (1979), Bad (1987),  Dangerous (1991) и History (1995) додека албумот "Thriller" со продадени преку 50 милиони копии го држи рекордот за најпродаван албум на сите времиња.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.