На 104 годишна возраст почина Оливија де Хевиленд, последната ѕвезда од златното доба на Холивуд.
Нејзината филмска кариера траела од 1935 до 1988 година во која остварила улоги во 50тина филмови.
Првите моменти на актерска слава ги доживела во филмовите "Captain Blood" (1935) и "The Adventures of Robin Hood" (1938) во кои глумела со Errol Flynn, но светска слава стеклана со нејзината улога на Melanie Hamilton во класикот „Одвеано со виорот“ (Gone With The Wind) (1939), улога за која ја добила својата прва од петте номинации за оскар, но единствена за споредна улога.
Добитник е на неколку филмски награди и признанија, меѓу кои 2 оскара за најдобра главна улога, за филмовите To "Each His Own" (1946) и "The Heiress" (1949), две Golden Globe награди и други.
Поради нејзиниот придонес во филмската индустрија, има своја ѕвезда во холивудската патека на славните, а наградена е и со почасен докторат на универзитетот во Hertfordshire, Англија.
Нејзина сестра беше Joan Fontaine, оскаровка и една од најголемите актерски имиња на сите времиња.
Мора да сте логирани да напишете коментар.