Осум клучни особини на културните луѓе, према Чехов

 

„Животот има свои услови. Човекот, за да биде прифатен помеѓу образовните луѓе, мора да биде културен“ порачува писателот Антон Павлович Чехов, во едно писмо напишано до неговиот брат, во кое го составил списокот на услови кои треба да ги исполнува еден човек за да се нарече културен.

 

 

А ова се осумте клучни особини на културните луѓе, према него.

 

 

1. Ја почитуваат човечката личност и затоа секогаш се љубезни, грижливи, учтиви.

 

2. Сочувствителни се кон сите, не само кон питачите или мачките. Се грижат и за сето она што не се гледа, и спремни се на жртвување за да им помогнат на другите.

 

3. Го почитуваат имотот на другите луѓе и секогаш ги враќаат своите долгови.

 

4. Искрени се и презираат лаги. Тие не лажат дури и кога станува збор за малите работи. 
Лагата го навредува слушателот и го понижува пред очите на говорникот. Тие не позираат, се однесуваат исто како на улица, така и во нивниот дом. Не се преправаат дека се важни пред своите скромни пријатели. Не се склони кон озборувања или оптоварување на другите.
Повеќе молчат отколку што зборуваат.

 

5. Не се понижуваат за да предизвикаат сожалување. Тие не играат на картата на чувствителност на некој друг за да привлечат внимание. Не велат „Никој не ме разбира“ или „Никој не се грижи за мене“, затоа што тие се евтини и вулгарни трикови.

 

6.  Не страдаат од плитка суета. Не им се битни лажните вредности, познанствата со познати личности. 
Ако сториле нешто значајно, не прават голема фама од сето тоа, и не се фалат дека имаат пристап таму каде што другите го немаат. 
Талентирани луѓе кои секогаш се држат подалеку од светилиштата и рекламирањето.

 

7. Ако имаат талент, го почитуваат максимално. Поради него, тие жртвуваат одмор, романса, забава, суета. Горди и посветени на својот талент.

 

8. Имаат развиено чувство за убавина, естетика. Не спијат во ниедна освен облеката за спиење, и ја одржуваат чистоќата во просторот во кој живеат.  Ги контролираат своите инстинкти и не го гледаат спротивниот пол само како сексуален предмет. 
Тежат кон оригиналност, елеганција, хуманост, им се восхитуваат на мајчинските чувства. 
Не се пијанчат туку пијат алкохол само во посебни прилики, затоа што мислат дека не се „свињи“. 

Се држат до принципот - во здраво тело здрав дух.

 

Така изгледаат културните луѓе. Да се каже за еден човек дека е културен, не е доволно само да ги има прочитано популарните романи или книги, и да оди на театар.
Културниот човек мора без престанок, дење и ноќе да работи на себе, да чита, да учи, да се труди, и уште во старт од себе да ја отфрли суетата.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.