На 85 годишна возраст денеска почина Џек Чарлтон, една од иконите на англискиот фудбал.
Џек Чарлтон бил дел од тимот на Англија со кој како домаќини го освоија Светското првенство во фудбал 1966 година. Како еден од најдобрите одбрамбени играчи на сите времиња, целата своја играчка кариера ја поминал во Лидс Јунајтед (1952–1973), за кој има забележено преку 600 натпревари. Со екипата на Лидс бил првак на Англија (1968/69), освојувач на престижниот ФА куп (1972), Лига куп (1968).
После завршетокот на играчката кариера, работел и како фудбалски менаџер водејќи ги екипите на Мидлсборо, Шефилд Венсдеј, Њукасл Јунајтед, а 10 години бил и селектор на репрезентацијата на Република Ирска со која има настапувано на Светското фудбалско првенство во Соединетите американски држави 1994 година.
Беше брат на легендата на Манчестер Јунајтед, Сер Боби Чарлтон.
Мора да сте логирани да напишете коментар.