Linux е open-source оперативен систем, кој им овозможува на корисниците да ги применат своите посакувани прилагодувања. Windows 10 е платен производ од Microsoft Corporation, кој има многу ограничени опции за корисниците да можат да го прилагодат на своите потреби. Linux има помала меморија за складирање и имењата на датотеките и фајловите се сензитивни на големи и мали букви додека кај оперативниот систем Windows 10 не прави разлика. Кај Linux се користи BASH (иако има и други) а кај Windows 10 ситемите се користи PowerShell.
Linux
Linux е развиен од Linus Torvalds и објавен во 1991 година. Во Linux, новите промени како надградба на компонентите, модификациите, конфигурирањето на компонентите се навистина лесни, без создавање проблеми со постојните компоненти. Терминологијата на Linux се состои од подигнувач (bootloader), Init-програма (Init-program или кај поновите ситеми Systemd), Кернел, системска библиотека, и други системски алатки.
Linux има огромен спектар на дистрибуции. Најпознати се:
- Ubuntu
- CentOS
- Arch Linux
- Gentoo
- Fedora
- Debian
- openSUSE
- Mandriva Linux
- Red Hat Enterprise Linux
Секоја дистрибуција е различна и има различни интерфејси едни на други. Може да се избере дистрибуција во зависност од нивните барања.
Архитектурата на Linux главно е поделена на два дела или слоеви како што се Kernel Layer и User Layer. Kernel Layer се состои од интерфејс, кернел код, пакет за поддршка на пакети.
Windows 10
Windows 10 е развиен од Мајкрософт и објавен во 2015 година. Microsoft Corporation избра повторно да се врати на своите традиционални работи со вклучување на почетното мени во Windows 10, откако не наиде на многу лоши критики за ова во Windows 8. Во Windows 10, сега нема ништо како програми наречени апликации.
Windows 10 излезе со нови функции, како Microsoft Edge browser кој може лесно и брзо да го прегледува прелистувањето од компјутер до телефон и таблет. Исто така и Microsoft Оffice кој со новите 3Д карактеристики го унапреди правењето на презентации.
Кремот со кој се гордее Windows 10 е одличната функција наречена Кортана (Cortana). Тоа е подобрена опција за пребарување што е веднаш до почетното мени. Станува збор за нов дигитален асистент на Microsoft кој има свој оперативен систем. Можете да ги користите за пронаоѓање работи во систем, како и за потсетници, за вашите претстојни настани како филмови, патувања, итн. Можете да поставите какви било факти, прашања или прашања до Кортана. Microsoft Corporation се врати во игра со Windows 10, бидејќи покажаа дека можат да создадат оперативен систем кој ќе биде лесен за користење на било кој уред и за било која возраст.
Споредба помеѓу Linux и Windows 10
Подолу се дадени 8 разлики помеѓу Linux и Windows 10:
------------------------------------- --------------------------------------- | Linux | Windows | ------------------------------------- --------------------------------------- | 1. Цена | ----------------------------------------------------------------------------- | Скоро сите Linux дистрибуции | Нема бесплатна верзија на Windows. | | се бесплатни. | | ----------------------------------------------------------------------------- | 2. Големина | ----------------------------------------------------------------------------- | Големината на Linux e значително | На Windows му треба значително | | помала за разлика од Windows. | поголем простор за фукционирање. | ----------------------------------------------------------------------------- | 3. Користен програмски јазик | ----------------------------------------------------------------------------- | Е напишан во C програмски јазик. | Е напишан во C, C++ и Assembly. | ----------------------------------------------------------------------------- | 4. Флексибилност | ----------------------------------------------------------------------------- | Linux е лесно адаптивен и може да | Windows нема начин за измени. | | прилагоди за сечии потреби. | | ----------------------------------------------------------------------------- | 5. Сензитивност на големи и мали букви | ----------------------------------------------------------------------------- | Во Linux сите имиња на фајлови и | Windows е по флексибилен кога станува | | датотеки се сензитивни на големината| збор за сензитивноста на големината | | на буквите. | на буквите. | ----------------------------------------------------------------------------- | 6. Подигнување (Booting) | ----------------------------------------------------------------------------- | Linux може да се подигне од било | Windows може да работи од USB но | | каков диск или уред (USB,SD итн.) | не е препорачливо. | ----------------------------------------------------------------------------- | 7. Командна линика (terminal command-line) | ----------------------------------------------------------------------------- | Во Linux, BASH е стандарден shell. | Во Windows 10, се користи PowerShell | ----------------------------------------------------------------------------- | 8. Платформи | ----------------------------------------------------------------------------- | Linux е достапен за сите платформи. | Поддржува само одредени платформи. | -----------------------------------------------------------------------------
Клучни разлики помеѓу Linux и Windows 10
Некои клучни разлики помеѓу Linux и Windows 10 се објаснети подолу:
- Linux може да се преземе еднаш и да се користи или инсталира во голем број машини. Windows 10 е лиценциран од Microsoft, бројот на лиценци купени од Microsoft кои можат легално да се инсталираат во бројот на машини. Број на лиценци = Број на машини.
- Linux обезбедува поголема безбедност и заштитита и е по безбеден оперативен систем за користење. Windows е помалку безбеден во споредба со Linux бидејќи Вирусите, хакерите и малициозниот софтвер побрзо влијаат на овој оперативен систем.
- Linux има добри перформанси. Рабити многу побрзо и подобро дури и кај постарите компјутери односно застарени машини. Windows 10 е бавен во споредба со Linux, бидејќи во позадина работат еден куп процеси кој заедно го прават Windows да бара добар хардвер за да работи како што треба.
- Ажурирањата на Windows 10 и Linux се лесно достапни и можат брзо да се ажурираат/модифицираат и за двата типа можно е автоматизирање на истите.
- Linux е оперативен систем со отворен код (open-source), додека Windows 10 може да се нарече оперативен систем со затворен извор/код.
- Linux се грижи за приватноста бидејќи не собира податоци. Во Windows 10, за приватноста се грижи Microsoft.
- Linux е главно користен од програмерите заради неговата флексибилност за извршување на команди од командна линија. Постојат многу алатки кои функционираат на командна линија и се од голема ефективност и корист на многу програмери. Windows 10 главно се користи за десктоп оперативен систем. Попопуларен е кај програмерите за неговиот изглед односно графичкиот интерфејс што е лесен за корисниците.
- Linux има огромна онлајн поддршка со голем број форуми и веб-страници за проверка и разбирање на Linux. Обезбедена е и платена поддршка.
Во повеќето случаеви има блогови каде што има чекор по чекор инсталации или објаснети сервиси и процеси за Linux. Windows 10 има многу документација на официјалната веб-страница и платена поддршка ја обезбедува само Microsoft или фирми со специјални лиценци издадени од Microsoft. - Кога станува збор за Linux, со сигурност можеме да кажеме дека има огромен бројот на апликации и софтвери кои што може да се вклучат инсталираат бесплатно. Windows 10 баш и неможат да се пофалат со бесплатни апликации и софтвери.
- Кога станува збор за игри. Со сигурност може да потврдиме дека Linux е далеку позади Windows 10. Иако во последниве години платформи како Steam, Humble Bundle, Lutris, GOG и други, нудат поддршка за Linux сепак сеуште играњето игри на Linux е со понизок квалитет.
Заклучок
Linux и Windows 10 се два различни оперативни системи кои се популарни во нивните зони. Linux е доста користен во ИТ компаниите и другите сектори заради подобра достапност, безбедност и перформанси. Linux сега е првиот избор во организациите за развој на апликациите за банкарскиот сектор.
Windows 10 е секогаш првиот избор на крајните корисници заради своите нови карактеристики и изглед. Исто така, e познат оперативен систем, бидејќи скоро сите се запознаени со Windows OS и неговата околина и се смета дека доста лесен за употреба. Windows 10 се користи од страна на организациите и компаниите што користат дот нет технологија.
Секој оперативен систем има свои силни области и предности. Windows и Linux можат да се користат врз основа на вашите барања. Луѓето се доволно паметни деновиве за да го изберат оперативниот систем кој ќе ти задоволува потребите на нивната канцеларија, нивниот дома или пак за креирање на средина за нивните нови апликации и софтвери.
Мора да сте логирани да напишете коментар.