Реал Мадрид со шанса да избие на првата позиција во Ла Лига.

Откако во петочниот дерби дуел екипите на Севиља и Барселона изиграа нерешено, 0:0, се отвара голема шанса за кралскиот клуб од Мадрид после подолг период и на 8 кола до крај, да избие на првата позиција во Ла Лига.

Со скоро комплетна екипа, патуваат за Баскија во Сан Себастијан, кај секогаш незгодната екипа на Реал Сосиедад, која во минатото итекако знаела да ги поремети плановите на Реал Мадрид во неколку одлучувачки дуели.

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид, задоволен од триумфот од пред 4 дена против Валенсија и на начинот на коj неговата екипа го започна рестарот на сезоната која беше прекината поради пандемијата COVID 19, изјави дека екипата влегува во еден решавачки период, во една неизвесна борба за тронот со големиот ривал од Барселона, и секој следен меч е меч за титула.

Да напоменеме дека во меѓусебните дуели оваа сезона Реал Мадрид беше поуспешен од Барселона (0-0 нагости, победа од 2-0 дома) што им дава додатна мотивација земајќи го во предвид правилото "Победа во меѓусебен дуел", во кое при еднаков број на поени на крајот на сезоната, екипата со подобар меѓусебен скор станува првак.

Покрај овој, во рамките на 30то коло на Ла Лига ќе се играат уште и натпреварите:

Селта Виго - Депортиво Алавес

Валенсија - Осасуна.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.