Зборот ЧАКРА значи тркало или вртење. Тие претставуваат енергетски центри и се смета дека постојат 7 чакри и секоја од нив е поврзана со нервен ганглион. Секоја чакра има посебна боја како што секој орган или жлезда е поврзан со одредена чакра. Има многу што да се зборува за чакрите, во продолжение накратко за секоја од нив.
Каде се наоѓаат чакрите?
Чакрите се распоредени вертикално по должината на рбетниот столб. Доколку се наруши балансот на некоја од чакрите тогаш се појавува дизбаланс на виталниот систем бидебидејќи чакрите не се поврзани само со физичкото туку и со менталното и емоционалното здравје. Значи може да се случи некоја чакра да е премногу развиена или пак да не е односно да е блокирана. Со проучување на чакрите се занимавале многу народи и религии меѓу кои поважни се толкувањата во Хиндуизмот, тантричките модели, Будизмот и друѓи. Најчесто се претставуваат во форма на цвет или тркало. Одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на кругот. Да започнеме со првата чакра:
МУЛАДХАРА која уште се нарекува основна или коренска. Се однесува на човечкиот потенцијал и има црвена боја.
СВАДИСТАНА или сакрална чакра се наоѓа во карличниот дел под папокот и е поврзана со бубрезите и генитоуринарниот систем. Има портокалова боја. Емоционалното значење е поврзано со радоста.
МАНИПУРА или соларна чакра се наоѓа во папочната област и е во корелација со системот за варење и има жолта боја. Се однесува на личната моќ, стравовите, колебливоста ,а психички е поврзана со избувливоста.
АНАХАТА или срцева чакра има зелена или розева боја и е поврзана со емоциите, урамнотеченоста и нежноста.
ВИСУДА или грлена чакра ја поврзуваат со моќта за комуникација и напредок во изразувањето. Местоположбата и е паралелно со тироидната жлезда и има сина или тиркизна боја.
АЈНА или чакра веѓа значи чакра на третото око. Оваа чакра е поврзана со интуицијата и визуелната свест. А емоционално е поврзана со јасновидноста. Има темно сина или бела боја.
САХАСРАРА или последна чакра е чакра на чистата совест. Се наоѓа на круната на главата и има виолетова боја. Нејзината поврзаност се однесува на внатрешната мудрост и смртта на телото. Има улога да ја ослободува кармата.
Исто така се верува дека стомачниот танц може да ѓи предизвика сите чакри да се отворат со своите движења на телото и вибрации.
Значи од горе наведеното може да заклучиме дека чакрите имаат важна улога врз нашиот организам и не можат да се видат со голо око како друѓите органи.
Мора да сте логирани да напишете коментар.