„Љубовта може да постои само во слободата“ - Патот на љубовта, Антони Де Мело (28).
Воедно реченица која ни ги „отвара“ очите пред реалноста која ја живееме.. Или преживуваме.
Љубовта е една од најубавите работи кои можат да ни се случат во животот. Љубовта е она магично чувство кога мислиш дека се е возможно.. Пресреќна си, лебдиш
Но, дали тоа е таа вистинската, невина љубов или е само живеење на онаа лоша претстава која ни ја дале за љубовта? Дали можеш да сакаш некој без да се однесуваш посесивно со таа личност? И што всушност претставува посесивност.. Зошто воопшто сме научени на тоа дека мора да има посесивност доколку има љубов? Без разлика дали се работи за романтична љубов, другарска љубов, љубов кон некој од семејство.. Сепак се се сведува на некоја посесивност.
Дали субјектот на љубовта треба да стане центар на нашиот свет?
Сакаш некоја личност, таа личност те сака тебе..
Научени сме на тоа дека „се треба да се направи за љубов“. Дали и кога тоа би значело откажување од себе си? И каде е всушност границата помеѓу правење компромис за љубениот/љубената и она „откажување“ од себе си?
Антони Де Мело всушност во сите негови книги ни го кажува истото.. или барем јас така го сфаќам. Ние треба да се прифатиме себе си такви какви што сме, да не очекуваме ништо од другите и да ги прифатиме тие другите кои и да се.. такви какви што се.
Во ред е да сакаш некој. Во ред е тој некој да те сака тебе.
Љубовта има најразлични облици, најразлични начини на покажување на истата.. посесивноста не е еден од нив. Јас, ти, најголем дел од останатите.. сакаме да ја пронајдеме таа наша сродна личност. Личност на која ќе и бидеме единствени. Но, како што и самиот автор кажува „Вие сакавте да му бидете единствени на тоа лице, зар не? Автоматски мора да ја платите цената со губиток на својата слобода….“.
Со самото тоа што сакаш да бидеш „една и единствена“ за некој друг, ти правиш се за да бидеш една и единствена за тој некој. Гледаш работи кои тој ги сака, слушаш песни кои тој ги слуша, едноставно правиш се за да ја направиш комуникацијата со тој некој многу полесна, за да му станеш попријатна на тој некој.
Ти можеш да бидеш и најпријатна личност и единствена личност која ја сака некој и сепак да бидеш своја. Сепак да носиш свои избори.. но, тоа е возможно само доколку и таа другата личност е свесна за истото. И тоа не се однесува само на некои важни избори во животот.
Редовно имам некакви објави на социјалните мрежи.. се сеќавам на една објава за споредбата на љубовта, зборовите кои ги кажуваме, самата нивна конотација.
„Реалноста - „Можеме да живееме без секој“.
Што сакаме некој да ни каже - „Јас без тебе не можам да живеам“.
Доколку некој ни каже - „Можам да живеам и без тебе, но те сакам во мојот
живот“ - го сфаќаме како вид навреда.“
Поентата е тоа што сме научени на тоа дека доколку некоја личност не сака или е заинтересирана за нас ќе прави „се“ за нас. Со самата пандемија и со зголеменото користење на социјалните мрежи.. со самото тоа што голем дел од лицата кои ги запознаваме ги запознаваме на социјални мрежи, ние комуницираме само преку пораки.
Можам да кажам „ние“ бидејќи скоро па сите спаѓаме во таа група. Се смета дека личноста доколку е заинтересирана за нас постојано ќе биде достапна за нас.. постојано ќе враќа на пораки, ќе ни го посветува целото нејзино внимание.
За жал (или огромна среќа) не е така.
Можеш да сакаш некој, но пред се мораш да се сакаш себе си. Мораш да имаш време за тебе.. доколку немаш време за тебе, џабе е и времето што го имаш за другата личност.
Целта е да се ослободиш себе си од оние верувања кои ти ги наметнало општеството и никогаш не си се запрашал „зошто е тоа така?“. Целта е ти да бидеш „ти“. И тој да биде „тој“.
Се додека заедно поминатото време е добро поминато време е во ред. Ти не должиш ништо на никој и никој не ти должи ништо тебе. Толку.
Мора да сте логирани да напишете коментар.