1. Alan Pinkerton (1819-1884)
Шкотски детектив и шпион кој воведил разни техники во оваа професија кои што и денес се употребуваат. Најпознат е по тоа што се борел за заверата на убиство на Абрахам Линколн во 1861година со што подоцна станува и негов соработник. Извесен период бил на чело на ЦИА и подоцна отворил своја детективска агенција Pinkerton во Чикаго. Ангажирал бројни железнички компании за заштита на транспортот, имал голема успешност во решавањето на кражбите во возовите и уапсил многу криминалци со што се стекнал со голема популарност.
2. Klaus Fuks (1911-1988)
Германски теоретски физичар и шпион. Во 1950година осуден а 14години затвор поради тоа што во текот на Втората Светска војна го снабдувал Советскиот Сојуз со бројни информации за вооружувањето. По ослободувањето живеел во Дрезден. Благодарејќи на него биле откриени голем број пресметки поврзани со нуклеарното оружје а подоцна и хидрогенските бомби.
3. Elizabet van Lu (1818-1900)
Дама од Ричмонд која била една од најефикасните тајни агенти. Им помагала на затворениците во бегство давајќи им храна, сигурни куќи, лажни документи а притоа собирајќи информации за движењето на војската на Конфедерацијата. Од друга страна се тврди дека успеала да ја вметни робинката Meri Bouzer во Белата Куќа како доушник. За Elizabet van Lu во 1990година бил и снимен филм Traitor in My House во кој ликот на Лу го глумела Meri Kej Plejs.
4. Aldrik Ejmz (1941)
Детектив и таен агент кој со години работел како аналитичар во ЦИА но само поради финансиски причини. Добиените информации ги продавал во Советскиот Сојуз а подоцна и во Русија. Во 1994година бил осуден за шпионажа и осуден на доживотно издржување казна затвор без било какви услови за помилување. Во ноември 1989година колегите на Алдрик од затворот го забележале луксузниот начин на кој што живеел а воедно и ЦИА открива дека голем дел од информациите започнале да протекуваат и го ставиле Алдрик на полиграфско испитување. Сите тестирања успешно ги поминал и денес сеуште не знае како успеал во тоа. На 21 фебруари 1994 повторно бил уапсен.
5. Rihard Zorge (1895-1944)
Овој новинар важи за еден од најдобрите тајни агенти во Втората Светска војна. Работата како новинар му била само параван за да може да патува низ Европа и да собира доверливи информации но и да воспоставува контакт со другите тајни агенти. За Советот собирал многубројни информации и успеал да го достави точниот датум за операцијата Барбароса во Москва но Сталин не обрнал големо внимание на оваа информација. Кога на Јапонците им станал сомнителен започнале да го мачат но не проговорил ни збор. На 7 ноември 1944година бил обесен.
6. Sidni Rajli (1873-1925)
Таен агент на Британската разузнавачка служба денес позната како МИ6. Се смета дека шпионирал за најмалку 4 влади а славата ја стекнал благодарејќи на британскиот новинар R.H. Brus Lokhart кој му помогнал и во создавањето на ликот и делото на Џејмс Бонд.
7. Frederik Fric Robert Dukejn (1877-1956)
Бил војник, новинар, ловец и таен агент. Се борел втората бурска војна на страната на Бура. Се занимавал со шпионажа за Германците во двете светски војни. За време на Втората Светска војна од 1899 до 1902 година бил заробен и затворен три пати а исто толку пати и побегнал. Извесен период се инфилтритал како офицер меѓу Британците само за да ги саботира. Станал познат по тоа што тврдел дека го убил Herberta Kičenera британски фелдмаршал кој загинал во 1916година. По избивањето на Првата Светска војна започнал да шпионира за Германците но е уапсен во 1917. Две години подоцна бега од затвор. На 28 јуни 1941година повторно е уапсен заедно со 32 нацистички шпиони и сите заедно добиваат околу 300 години затворско издржување.
8. Nejtan Hejl (1755-1776)
Американски војник и таен агент кој пред да биде обесен изјавил дека му е жал за тоа што нема уште еден живот да и го даде на татковината. Овие зборови како и шпионските активности му донеле беспрекорна репутација и во 1895година бил прогласен за херој на Конектикат.
9. Kim Filbi (1912-1988)
Работел како двоен агент после бегството од СОветскиот Сојуз во 1963година. Служел како NKDV и KGB агент. Со многу леснотија ги решавал работите и ги транспортирал добиените информации. Имал големо влијание врз политичките одлуки на Сталин. И покрај тоа што Британија била сигурна дека е шпион никогаш не успеала да го докаже тоа. До неговата смрт ја извршувал својата функција на двоен таен агент во Советскиот Сојуз.
10. Mata Hari (1876-1917)
Холандска танчерка Margareta Gertruda Zele позната под своето уметничко име Mata Hari ја освоила Европа во почетокот на 20век. За време на Првата Светска војна е уапсена и осудена за шпионажа како и смрт на најмалку 50.000луѓе. Прогласена е за виновна а врз неа на 15 октомври 1917година е изведена и смртна казна. Деталите за нејзиниот таен живот и денес не се комплетно откриени но се знае дека есента 1915година Германскиот дипломат Karl Kromer ја наговорил за 20.000 франци да шпионира за Германија. Дали тоа навистина го направила сеуште останува тајна.
Мора да сте логирани да напишете коментар.