Од Леонардо да Винчи до Марк Ротко: 10 најскапи слики во светот

Вредноста на едно уметничко дело никогаш не е објективна, најбитен фактор е како ние реагираме и што тоа буди во нас.

Најславните слики, посебно оние насликани пред 1800та година, најчесто се во сопственост на познатите светски музеи. Многу од нив чинат огромно богатство, за некои дури не ни може да се постави цена поради нивното уметничко значење.

„Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи која е во сопственост на музејот „Лувр“ во Париз, 1962 година била проценета на 100 милиони $. Земајќи ја во предвид инфлацијата, денес тоа би било еднакво на 850 милиони $. Но никогаш до сега не се нашла на аукција.

 

Може да се каже дека новата ера во продажбата на сликите во хартиена цена започнала 1987 година, кога сликата „Сончогледи“ на Винсент ван Гог била продадена за 24,75 милиони фунти (денешни 82 милиони). Тоа било трипати поголема цена од, до тогаш најскапата слика.

 

Во продолжение, ви ја претставуваме моменталната листа на 10 најскапи слики во светот.

 

 

10. ‘Nu Couché’, Амедео Модилијани

Насликана: 1917/18 година

Продадена: 9 ноември 2015 година

Цена: 170,4 милиони $, аукција

Една од колекцијата на популарни слики со голи жени на Модилијани. Сопственост е на кинески милијардер.

 

 

09. ‘Les Femmes d’Alger (Version O)’, Пабло Пикасо

Насликана: 1955 година

Продадена: 11 мај 2015 година

Цена: 179,4 милиони $ , аукција

Вбројувана во најголемите ремек-дела на ликовната уметност, на сликата се наоѓаат блудници кои во нивниот харем пушат хашиш и опиум.

 

 

08. ‘Pendant portraits of Maerten Soolmans and Oopjen Coppit’, Рембрант

Насликана: 1634 година

Продадена: септември 2015 година

Цена: 180 милиони $, приватна продажба

Двојниот портрет на Soolmans и Coppit бил насликан за време на нивната венчавка. Двете слики претставуваат први портретирани дела на Рембрант со целосна должина.

 

 

07. ‘Wasserschlangen II’, Густав Климт

Насликана: 1904-1907 година

Продадена: 2013 година

Цена: 183 милиони $, приватна продажба

Во превод „Водени змии“ оваа слика на популарниот австриски сликар на себе содржи неколку златни елементи.

 

 

06. ‘No. 6 (Violet, Green and Red)’, Марк Ротко

Насликана: 1951 година

Продадена: август 2014 година

Цена: 186 милиони $, приватна продажба

Не ви е потребна слика, за да ја замислите сликата на Ротко, руско-американскиот апстрактен експресионист, судејќи према самиот наслов, купена од страна на рускиот милијардер Дмитри Риболовлев.

 

 

05. ‘Number 17A’, Џексон Полок

Насликана: 1948 година

Продадена: септември 2015 година

Цена: 200 милиони $

Џексон Полок е секако еден од најпознатите апстрактни експресионистички сликари на сите времиња. Неговата слика „Број 17а“ купена е како дел од договорот со фондацијата Дејвид Гефен и Кенет Грифин.

 

 

04. ‘Nafea Faa Ipoipo (When Will You Marry?)’, Пол Гоген

Насликана: 1892 година

Продадена: септември 2014 година

Цена: 210 милиони $, приватна продажба

Преведена како „Кога ќе се омажиш“, на ова Пост-импресионистичко дело прикажани се две жени од Тахити, кадешто Гоген поминал извесно време.

 

 

03. ‘The Card Players’, Пол Сезан

Насликана: 1892/93 година

Продадена: април 2011 година

Цена: 250 милиони $, приватна продажба

Пол Сезан го насликал делото „Играчи на карти“ во моментите на својот најголем подем на творештво и популарноста. Купувачи биле Кралското семејство на Катар. Постојат уште 4 дела со ист наслов, но тие се во сопственост на Метрополитен музејот на уметноста, Музејот на Орсај, Кортаулд и фондацијата Барнс. 

 

 

02. ‘Interchange’, Вилем де Кунинг

Насликана: 1955 година

Продадена: септември 2015 година

Цена: 300 милиони $, приватна продажба

Насликано од Холандско-американскиот апстрактен сликар Де Кунинг, делото „Размена“ е едно од неговите први апстрактни дела. 

 

 

01. ‘Salvator Mundi’, Леонардо да Винчи

Насликана: 1500 година

Продадена: 15 ноември 2017 година

Цена: 450,3 милиони $, аукција.

Ова уметничко парче на да Винчи често било ставано под радар, поради неговата автентичност.

Додека светот сеуште е поделен на тоа да ли е ова дело на да Винчи или не е, неговатна вредност достигнала до 450 милиони $ на аукцијата во Кристи, во 2017 година. сликата е купена од принцот на Саудиска Арабија, шеикот Мохамед бин Салман Ал Сауд, преку неговиот министер за култура.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.