Парфемите денес се нашиот мал слатки грев. Секоја жена е зависна од нив и ги носи во секоја прилика каде и да оди. Тие не прават ведри, полни со самодоверба и сензуални. Во зимските ладни и долги денови сакаме парфеми со ноти на мошус или некое бобичесто овошје, што за летниот период се многу силни. Со доаѓањето на летото сакаме парфеми кои ке траат цел ден, не создаваат непријатност и неугодност на нашата кожа но воедно сакаме да ни пружат свежина со секое движење на овие високи температури. Понудата за избор на парфеми за сечиј вкус е голема па секоја жена може да го пронајде идеалниот парфем за себе. Парфемите со ружа, јасмин и љубичица помешани со цитрусни ноти и зачини предизвикувајќи незаменливо чувство на сензуалност и свежина. Подолу се прикажани 10те парфеми за кои светските стручњаци тврдат дека се ултимативни парфеми за летото и секоја дама треба да ги има, било на утринско кафе или журка покрај базен.
Lancome La Vie Est Belle Intensement
Претставува приказна составена од нежни и сензуални ноти. Концентрат на зрна од ванила, јасмин и збогатено со делиција. Lancome е еден од водечките француски креатори на парфеми. Амбалажата на парфемот е уникатна. Цена: околу 4.577ден.
Hermes Twilly Eau de Poivree
Слатка комбинација на пачули и листови од ружа напрвен за нанесување во летниот период и долготрајност преку ден и ноќ. Идеален сопатник за секоја женска чанта. Цена: околу 5.855ден.
Tom Ford Lost Cherry
Мирис на сочна цреша. Содржина на црна цреша збогатена со горчлив бадем. Мирисна нота која никоја дама неможе да ја остави рамнодушна. Во својот уникатен состав содржи и мешавина на сочни овошни плодови, турска ружа и јасмин. Балзам од Перу и тоник од сандалово масло го прават овој парфем незаменлив. Цена: околу 19.800ден.
Guerlain L'Instant
Парфем кој ја открива жената. Спој на контраст со светлина и сензуалност. Цена: околу 6.510ден.
Mugler Angel
Оваа комбинација на парфем преставува свежа, младешка и сочна интерпретација на парфемот Angel кој беше произведен во 1992година. Создава сензуалност, свежина и сјај кој го открива слободниот дух на жената. Содржи ноти на: мандарина, божур, јаболко, пачули и чедар. Цена: околу 4.495ден
Prada Candy Sugar Pop
Ориентално цветна парфимирана вода. Со нагласени ноти на цитрус во спој со ванила, махнолија,бергамон и свежа праска. Цена: околу 4.086ден.
Lancome Idole
Четири вида на ружи, три различни начини на екстракција,две ботанчки врсти и две различни почви на одгледување го прават овој парфем уникатен и незаменлив. Нотите се раскошни благи и свежи. Едноставно незаменлив.
Versace Versense
Инспирација на природни елементи. Мешавина од: бергамент, рајска круша, морски нарцис, сандал, мошус, итн. Едноставно неодолив. Цена: околу 3.562ден.
Calvin Klein One
Инспирација на природни елементи. Со ноти на ружа сандал и пачулија. Цена околу 3.783ден.
Versace Bright Crystal
Чиста сензуалност, кристална транспарентност, светлечка јасност на линиите. Свеж и цветен мирис со ноти од шипинка, божур, магнолија, растителен килибар и мошус. Цена: 4.577ден.
Мора да сте логирани да напишете коментар.