10 Едноставни совети за интимна нега

1. ВЕЖБАЈТЕ 

    Зајакнувањето на мускулите е неопходно за обезбедување на добро здравје и виталност не само на интимните делови туку на целиот организам. Денес благодарение на познатиот гинеколог д-р Арнолд Кегел вежбите за зајакнување на интимните мускули се вистинското откритие за здрави интимни делови после: породување и операции а воедно и за поголема самодоверба. 

2. РЕДОВНО ПОСЕТУВАЈТЕ ГО ВАШИОТ ГИНЕКОЛОГ 

   ДА! Вашиот гинеколог е вашиот советник и водич во тоа што треба да го знаете и да го применувате за здравјето на вашата интима. Исто така благодарение на вашиот гинеколог ке имате и целосна контрола врз појавата на одредени симптоми на воспаленија и иритации и целосна поддршка доколку истите ви претставуваат проблем. Секоја девојка која наполнила 18 години треба редовно да го посетува својот гинеколог и да поставува прашања за се што сака да знае и да го каже секој проблем или недостаток што го забележала. Благодарение на постојаните редовни контроли и достапноста на медицинска опрема денес навременото откривање на аномалии или малигни болести на интимните органи како кај девојки така и кај возрасни жени е од големо значење бидејќи откривањето на овие симтоми навремено може да значи  спасување на живот. 

3. РЕДОВНО МЕНУВАЈТЕ ГИ БАЊАРКИТЕ И ПРИБОРОТ ШТО ГО КОРИСТИТЕ ЗА ИНТИМНА НЕГА

  Секогаш и колку што е множно почесто менувајте ги пешкирите и приборот што го користите за интимна нега. Секој прибор и материјал за интимна нега при долготрајно користење и без негова редовна замена може да предизвика иритации и воспаленија. Најважно е да запаметиме дека нашиот личен интимен прибор (крпи, бричеви, долна облека) се само НАШИ и не смееме да ги користиме заедно со некој друг. 

4. ВО ТЕК НА МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС РЕДОВНО МЕНУВАЈТЕ ГИ ТАМПОНИТЕ, ВЛОШКИТЕ И ЧАШКИТЕ ЗА МЕНСТРУАЦИЈА

   Менструалната крв има алкална рН која може да делува на природната киселост на вагината. Интимните делови во текот на менструален циклус се склони кон промени. Затоа многу е важно редовно да ги променуваме влошките и тампоните додека пак чашките за менструација да ги менуваме еднаш дневно (најчесто пред спиење). Користењето на заштита  со прекумерена заштита може да предизвика сувост и иритација на интимните делови, затоа според количината и времетраењето на менструланиот циклус бидете сигурни дека употребувате правилна заштита. 

5. СЕКОГАШ НОСЕТЕ ПАМУЧНА ДОЛНА ОБЛЕКА И МЕНУВАЈТЕ  ЈА СЕКОЈДНЕВНО

 Секоја жена знае дека чипката и синтетичките гакички и танги се секси и привлечни, со што и самата жена има поголема самодоверба и се чувстува привлечно. Но за жал ваквата привлечност не трае долго, бидејќи ваквите материјали предизивкуваат трие, сувост и иритација на интимните делови. Затоа се препорачува носење на памучна долна облека и нејзино постојано одржување (перење и менување). 

6. ОСТАВЕТЕ ГО ТЕЛОТО ДА ДИШЕ

  Кратки пантолони, тесни хеланки и фармерки и секој материјал што не дозволува дишење на кожата како синтетиката се едни од честите причинители на проблемите кои што се јавуваат во интимните делови. бидејќи кожата не може да дише и доаѓа до појава на триења и иритација. 

7. НЕ КОРИСТЕТЕ САМО ВОДА, НО ВНИМАТЕЛНО СО САПУНИТЕ, ПЕНИТЕ, ГЕЛОВИТЕ И КУПКИТЕ ЗА ИНТИМНА НЕГА 

   Водата чисти, но не ја штити и негува кожата доколку не се употребува паралелно со некои додатоци. Направете споредба со кожата.... дали кожата е заштитена, нахранета и чиста само со вода? се разбира дека не. Како што користиме разни препарати за нега кожата во текот на миење, после миење и пред миење така имаме и препарати за интимна нега кои се стремат да и пружат на интимата свежина и благосостојба. Што се однесува до препаратите за интимна нега денес на пазарот може да се најдат многу препарати од овој вид на нега: Biguanelle, Carefree, Sebamed, Eucerin, Vagisan, Multi-gyn, Nivea, Saforelle итн. но најважно е е да обрнеме посебно внимание на состојките на препаратот и најважното колкава е неговата киселост. Миењето со обичен сапун е непрепорачливо бидејќи сапунот е алкален а со тоа предизикува проблем делувајќи на природната киселост на вагината. 

8. ПОТРЕБАТА ЗА ТОАЛЕТ ПОСЛЕ ПОЛОВ ОДНОС

   Уринирањето пред и после полов однос помага во спречувањето на појавата на воспаленија на мочниот меур до кои што доаѓа при продирот на бактериите во самиот сексуален однос. Исто така миењето пред и после полов однос има своја предност. 

9. СЛУШАЈТЕ ГО ВАШЕТО ТЕЛО

  Обрнете внимание на тоа какви знаци дава вашето тело. Доколку забележите промени или одредени симптоми за кои до сега не сте ги забележале најдобро прво консултирајте се со важиот гинеколог. Земете го во предвид тоа дека секое тело, секоја жена е различна а со тоа и нејзините интимни делови се различни според возраста, начинот на живот, положбата и сл. 

10. РАМНОТЕЖАТА Е КЛУЧНА

   Без оглед на тоа дали сте или не сте свесни вашето тело реагира на најмала промена во вашите секојдневни рутини а тоа не ја исклучува интимата. Честото користење на базени, промената климата, внесувањето на многу зачинета храна, алкохолот, размената на долна облека со други, како и користењето на несоодветен и не стерилизиран прибор за интимна нега може да предизвика сериозни нарушувања на интимата. Затоа рамнотежата е многу важен фактор на кој треба да обрнеме внимание. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот