10 Значајни историски податоци за медицината

Како област медицината постои повеќе од 4.500 години и до денес постигнала значајни резулати. Во периодот на нејзиниот развој се сметало дека болестите настануваат како божја казна за некое дело што сме го направиле.

Денеси денешниот напредок го потврдуваат спротивното. Можеме да кажеме дека и денес медицината во некои делови од светот е на многу ниско ниво поради условите во кои се наоѓа одредена држава и сиромаштијата па населението нема можност да си дозволи било каква медицинска помош. За да денес имаме високоразвиена медицина најпрво треба да знаеме на кои темели се изградила, кои откритија допринеле истата да расте и кои создавачи се заслужни за одредени изуми и откритија кои денес многу допринесуваат за здравјето на човекот. 

  • 1543 год. - За прв пат од страна на фламенскиот лекар Андреас Везалиус биле изработени анатомски цртежи кои биле многу прецизно нацртани. Занимливо е тоа што за овие цртежи биле користени украдени тела. 
  • Околу 1590 год. - Голем придонес донел микроскопот. Создаден од Захарија Јансен кој направил леќи и ги поврзал во две железни цевки сместени една во друга. 
  • 1615 год. - За прв пат бил откриен термометарот за мерење на телесна температура од страна на италијанскиот лекар Санкториус.
  • 1796 год. - Била откриена вакцината против големи сипаници од страна на Едвард Џенер. Вакцината ја открил вбризгувајќи сипаници од крава во осумгодишно дете земени од раката на млекарка.
  • 1854 год. - Флоренс Најтингејл родена во Фиренца (Италија) е жена што ги негувала војниците за време на Кримската војна. Подоцна во болницата Скутари била нарекувана "благородничката со лампа". Четири години подоцна Најнтингејл отвора училиште за медицински сестри со што се отвора периодот на чекор напред во медицината и подобрување во стандардите за нега.
  • 1980 год. - Во облик на карболна  киселина а во суштина антисептичко средство било употребувано од Џозеф Листер како средство за спречување на инфекции во текот на операциите.
  • 1849 год. - За прв пат во САД Елизабета Блеквел е жената која прва завршува медицински факултет. 
  • 1865 год. - Елизабет Гарет Андерсон е првата жена лекар во Велика Бритнија. 
  • 1910 год. - Биле откриени 4те крвни групи од страна на австралискиот патолог д-р Карл Ландштајнер.
  • 1928 год. - За прв пат во историјата на медицината биле направени метални бели дробови во Бостон 1932 година  за да се спаси животот на младо парализирано момче. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот