На денешен ден (12.07.) во музичката историја

- 1943 година родена е Christine McVie, британски музичар, позната како клавијатурист и вокалист на бендот Fleetwood Mac. 8 од нејзините напишани песни се наоѓаат на албумот со најдобри песни (Greatest Hits Album) на бендот.

https://www.youtube.com/watch?v=YF1R0hc5Q2I

 

- 1954 година 19 годишниот Elvis Presley го потпишува својо прв професионален музички договор со Sun Records.

 

- 1962 година Ray Charls доаѓа на местото број 1 на британската сингл листа со песната "I Can't Stop Loving You".

 

- 1962 година The Rolling Stones го имаат својот деби настап во живо, во лондонскиот Marquee Jazz клуб.

 

- 1979 година после кратко боледување, на 31 годишна возраст починува Minnie Riperton. Се прославила со песната "Loving you" продуцирана од Stevie Wonder, со која стасала до местото број 1 на американската сингл листа.

https://www.youtube.com/watch?v=K7MqTrXwojk

 

- 1986 година Simply Reds го имаат својот прв американски број 1 сингл со песната "Holding Back The Years" од нивниот деби албум "Picture book".

https://www.youtube.com/watch?v=yG07WSu7Q9w

 

- 1988 година Michael Jackson доаѓа во Велика Британија во својата прва соло турнеа на островото.

 

- 2003 година на 95 годишна возраст починува Benny Carter, американски музичар, саксофонист, кларинист, композитор, аранжер еден од пиноирите на Jazz музиката.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.