Постојат толку многу козметички препарати кои што покрај пофалните зборови на многу околу нас и вртоглавата цена, но проблем е да ги пробаме поради нашите финансиски можности. Но има и такви што без разлика на цената сепак се скептични во тоа дали навистина делуваат. Но она што најмногу влијае врз еден козметички препарат освен изгледот е и цената.
La Mer The Essence
Сигурно сте слушнале за еден од напознатите и најценети креми за хидратација на кожата на лицето Creme De La Mer. Многу познати личности со полна уста пофални зборови за оваа линија на козметички производ. Славни личности и според тоа сигурно ви е сосема јасно зошто се овие производи се најскапи? На Блаканот (со причина) помалку позната е линијата кремата La Mer The Essence, за која се зборува дека ја ослободува природната енергија на кожата на лицето и помага во целосно обновување на кожата. Користењето на оваа фасцинантна крема ветува дека низ циклусот на обнова од 21 ден (редовна употреба) кожата е потполно регенерирана. Затоа и цената е вртоглаво висока и тоа 3.500 долари или 188.421 денари.
Re-Nutriv Re-Creation дневна крема и Re-Creation ноќна крема од Estée Lauder
За прв пат колекцијата на Re-Nutriv на пазарот се појавува со луксузни производи за нега во 1958 година при што Estée Lauder со сета сила и ентузијазам прави познати реклами при што мотото на рекламата е во форма на прашање упатено кон светската публика " Што ја прави вредна кремата од 115 долари (или 6.196 денари)". Одговорот бил следен: Материјлот кој влегува во составот на едно уметничко дело кое има конечна верзија на уметникот кој го создал. Но што би била конечната верзија на сетот дневна и ноќна крема од овој бренд? Во составот на ова уметничко дело кое делува како креација на кожата е најновата и екслузивна состојка и најнова технологија при изработката. За цена од 1.320 долари (или 71.061 денари) секој би сакал да го слушне ова..
La Prairie Cellular Radiance Concentrate Pure Gold, концентриран серум– чистo злато
Многу нормално е дека секој производ кој во себе го содржи овој скапоцен елемент не е нешто што секој ден го купуваме со намирниците или на распродажба. Во составот на овој екслузивен производ влегува 24каратно злато во колоиден гел кој моментално се топи при нанаесување на кожата со што го спречува и успорува уништувањето на колагенот и еластичноста на кожата. Со ова му помогнува на кожата да биде свежа и еластична. По кинеската народна медицина златото било состојка која има огромна зацелувачка моќ. Тие што имаат златни кредитни картички најдбро знаат како изгледа тоа!!
NV Perricone Neuropeptide Facial Conformer конформер или израмнувач
Познатиот дерматолог на славните холивудски ѕвезди д-р Nikolas Perricone исто така познат и по објавените книги за младешки изглед The Wrinkle Cure and The Perricone Prescription – лек за брчки и рецепти Perricone. Судејќи по неговата слава се очекува овој производ да биде мелем за кожата но не за нашиот новчаник. Према корисниците на овој производ 79% се задоволни од овој препарат бидејќи кожата ја правел мека а тонот изедначен, додека 72% од корисниците изјавиле дека се задоволни во посакуваните резултати како нијансата, бојата и тонираноста на кожата. Овој луксузен производ доаѓа заедно со серумот за околу очи. Цената на конформерот изнесува 900долари или 15.591 денари додека серумот за околу очи изнесува 290 долари или 15.591 денари.
Bergman Supreme Cream
Комбинација на Бета-Глукан и витамини Е, F и В5, клучни состојки во борбата против брчки и лифтинг на кожата.Цената на овој производ изнесува 45.700 денари или 590 долари.
YSL Temps Majeur Night Oil
Содржи нешто што се нарекува Ganaderma Lucidium или печурка на бесмртноста која е најценета во кинеската медицина и била чувана само за владетелите. Цената на овој производ изнесува 31.183 денари или 580 долари.
Steven Viktor MD BIO -Nutrive luxury cream
Крема богата со омекнувачи делувајќи како повеќе препарати во еден. Служи како крема против брчки а истовремено како ревилизатор на кожата. Изнесува 31.990 денари или 595 долари.
Guerlain Orchidee Imperiale
Производ кој ги репродуцира функционалните способности на Орхидејата за извнодредна заштита против стареење. Изнесува 30.108 денари или 560 долари.
SK LXP Ultimate Revival Cream
Единствена формула со висока содржина на нешто што се нарекува SY Pitera односно состојка која помага против стареење. Изнесува 21.194 денари или 450 долари.
Shiseid Future Solutin Total Revitalizing Cream
Состав полн ефекти против знаците на стареење. Изнесува 416 долари или 22.366 денари.
Lancome Secret de Vie (Тајната на животот)
Производ кој ги стимулира метболитичките процеси на клетките до 118%. Резултатите се видливи веднаш, моментално видливи и долготрајни. Изнесува: 395 долари или 21.237 денари.
Peviona Botanica Timeless Repair Serum
Содржи висока содржина на кавијар и состојка наречена escutox состојка за моментално постигнување на посакуваниот ефект. Escutox е природна варијанта на Ботокс и мешавина од 90% хибискус, морски алги, скуален кој е биохемиски претходник на стероидите) добиени од зелени маслинки. Изнесува 322 долари или 17.340 денари.
Мора да сте логирани да напишете коментар.