15 цитати од Зигмунд Фројд

 

На денешен ден во 1939 година починал Зигмунд Фројд, австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологија.

 

Една од првите асоцијации во јавноста за психологијата како наука, но и на самата титула психолог секако е Фројд ! Фројд завзема и многу важно место во Поп културата.

Роден е на 6 мај во 1856 година, во Австрија. Скоро целиот свој живот го поминал во Виена, се до нацистичката окупација на градот. Во Виена ги завршил студиите по медицина, а во своите рани 20ти години изразува голема заинтересираност према психологијата, поради што и ќе остане запаметен како психијатар.

Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување и по создавањето на клиничкото применување на психоанализата за лекување на психопатологијата, со помош на разговор помеѓу пациентот и психоаналитичарот.

Починал во 1939 година, во Лондон, на 83 годишна возраст.

 

 

Во негово сеќавање, издвоивме 15 познати цитати.

 

 

1. Големината на вашиот идентитет се одредува според големината на проблемот што може да ве извади од такт.

 

2. Секое нормално лице, всушност, е нормално само делумно.

 

3. Првиот знак на глупоста е целосното отсуство на срам.

 

4. Никогаш не стануваме толку ранливи како кога сакаме, и никогаш не сме толку безнадежно несреќни како кога губиме љубов.

 

5. Идеалена, вечна, исчистена од омраза љубов постои само помеѓу зависност и дрога.

 

6. Ако му простите на човекот сè, значи сте завршиле со него се, засекогаш.

 

7. Ние сме повеќе загрижени за избегнување на болката отколку за задоволување на радоста.

 

8. Кога некој почнува да се сомнева во неговиот живот и неговата вредност, тој станува болен

 

9. Никогаш не сме побеспомошни кон страдањето како кога сакаме

 

10. Од твоите ранливости ќе дојде твојата сила.

 

11. Повеќето луѓе не ја сакаат слободата навистина, бидејќи слободата подразбира и одговорност, а повеќето луѓе се плашат од одговорноста.

 

12. Неизразените чувства никогаш не умираат. Тие се закопани живи и ќе избијат подоцна, на погрд начин

 

13. Каде и да одам, наоѓам дека пред мене таму бил некој поет.

 

14. Поетите се господари на нас обичните луѓе, кога станува збор за познанието на умот, бидејќи тие пијат од изворите кои сѐ уште не се достапни на науката

 

15. Луѓето се повеќе морални отколку што мислат, и многу повеќе аморални отколку што можат да си замислат.

 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.