20 големи светски мистерии (Втор дел)

Многу работи во светот од различни причини биле изгубени, некои од нив засекогаш, а некои оставиле мал траг кој постојано ќе не потсетува на тоа што се случило, но и да се прашуваме како настанале.
Ви го претставуваме вториот од двата дела на „20те големи светски мистерии“.

 

 

  • Фонтана на младоста

Кога Дон Хуан Понсе де Леон станал гувернер на Порторико во 1509 година, шест години подоцна пратејќи ги Индијанските гласнини заминува на север во потрага на фонтаната на младоста на островот Бимини. Подоцна се установило дека Бимини е всушност полуостров на Флорида, а фонтаната останала скриена и непозната се до 2006 година, кога познатиот магионичар Дејвид Коперфилд изјавил изјавил дека водата од неговиот приватен остров Ескумас има лековито својство. 

 

 

  • Купакабра 

Филиз Канион во рацете држи животно наречено Купакабра во својот дом во Куеро, Тексас. Ова необично животно за прв пат е видено и пријавено во Порторико во 1955 година, со тврдењата дека сака да јаде пилиња и козја крв. Но сепак биолозите го одбиваат тврдењето дека ова животно постои. 

 

 

  • Ковчегот на заветот

Во Библијата е опишан како дрвен ковчег обложен со злато кој е направен за носење на таблиците со Десетте Божји заповеди. Ковчегот наводно бил носен низ пустината и останал во Израелскиот храм, се до неговото разорување од страна на Византијското Царство. Каде денес се наоѓа и дали навистина постои сеуште е мистерија. 

 

 

  • Стоунхенџ 

На рамнината со Сализбур во Англија, денес е познато туристичко место. Пред околу 5.000 години ова место било познато по разните пагански ритуали и најверојатно како гробница. 

 

 

  • Железниот столб во Делхи

Изграден во 1.600 тата година во Индија, висок е 7 метри. Направен од 98% ковано железо кое сеуште не корозирало, и денес е дел од истражувањата на научниците. 

 

 

  • Камените сфери на Костарика

Откриени во раниот период на 1940 тата година при ископувањата која ги водела фирмата Јунајтед Фрут Компани, која дошла до откривање на перфектно обликувани камени сфери кои датираат од 600 до 1.500 тата година на новата ера. Целта за нивното постоење сеуште е непознато, но се верува дека имаат верско значење и дека се поврзани со богот на Сонцето. 

 

 

  • Мотман

Суштество во човеколик облик со крила на инсект и со црвени очи познат како Мотман, ги тероризирал жителите на Поинт Плезанта во САД во текот на доцните 1960те години. Нема цврсти докази за неговото постоење, освен неколку изјави на сведоци документирани во книгите на новелистот Џон Кил - Монтманово пророштво. 

 

 

  • Ѓаволот од Џерси

Према легендата пред 250 години една жена од Џерси паднала во депресија после нејзината 13та бременост. После породувањето бебето било налик кенгур со крила. 

 

 

  • Тунгунската експлозија во Русија

Се случила во 7:14 наутро на 30 јуни 1908 година. До денешен ден во примерокот од експлозијата која оставила голем траг денес се простират околу 80 милиони стебла на површина од 2.100 метри квадратни. Сето ова довело до жестока дебата дали навистина се работело за експлозија, или тоа е дело на вонземјани или создавање на таканаречената црна дупка. 

 

 

  • Изгубениот град Атлантида

За прв пат е опишан пред 2.400 години од страна на Платон, кој тврдел дека островот е дом на напредна цивилизација. Легендата вели дека после земјотресот овој град бил потопен. Подоцна се расчуло дека се работи за подводно кралство во кое што живеат и го чуваат сирените. Дали постоел и дали сеуште постои овој остров е мистерија. Некои неодамнешни докази докажуваат дека се наоѓал некаде меѓу околината на Кипар и Медитеранот. 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот