20 големи светски мистерии (Прв дел)

 

Многу работи во светот од различни причини биле изгубени, некои од нив засекогаш, а некои оставиле мал траг кој постојано ќе не потсетува на тоа што се случило, но и да се прашуваме како настанале. Низ 2 дела ви ги претставуваме 20те големи светски мистерии.

 

 

  • Моќното царство на Инките во Јужна Америка 

Ова моќно царство на Инките било многу напредно во периодот помеѓу 1200 и 1535 тата година на новата ера. Изградиле многу добро развиен систем за наводнување на посевите, како и камен град на врвот на стрмна планина - Мачу Пикчу. Иако и покрај овие големи достигнувања, сепак не го издржале нападот на шпанските конкистадори, кои во тоа време имале многу напредно и развиено оружје. 

 

 

  • Пирамидите во Гиза - Египет

Кефроновата и Кеопсовата се двете од трите пирамиди во Гиза. Најголема е Кеопсовата. Изградена од преку 2 милиони камени плочи, од кои некои биле тешки и до 9 тона. Пирамидите изградени како гробници на боговите датираат од 2550 тата година п.н.е. Модерните египтолози веруваат дека се изградени од камења кои биле довезени од каменоломот и покрај сведочењата на Старогрчките народи дека гробниците ги граделе обучени мајстори, а не робови. 

 

 

  • Храмот на Маите

Судејќи по древниот Маиски календар, на кој е забележано дека декември 2012 е означен како датум на кој ќе настапи крај на светот, информација која долго време ги држела археолозите во голема забуна. Некои од нив тврделе дека Маите знаеле за апокалипсата и дека истата ќе настапи во декември 2012година, додека други научници и археолози тврделе дека ова е само математичка заблуда. За среќа, се покажала за неточна.

 

 

  • Легендата за Ел Дорадо

Легендата за Ел Дорадо потекнува од племето Миушки, кои живееле на територијата на денешна Колумбија во периодот од 1000 тата до 1538 та година. Во ритуална церемонија за своите богови племенскиот поглавар се покривал со златна прашина и се фрлал во езеро, за да себеси се принеси како жртва. Ова ја предизвикала легендата за златниот град што довело до мртва трка за пронајдување. 

 

 

  • Велигденскиот остров

Велигденскиот остров познат и како Рапа Нуи е многу оддалечено и изолирано место на некои 2000 километри од брегот на Тахити. Првобитни доселеници на овој остров биле Полинежаните, кои се населиле меѓу 400тата и 600тата година пред новата ера. Тие изградиле многи храмови и статуи кои ги нарекувале Мои, од камења кои ги извлекувале од другата страна на островот. Истражувачите и археолозите сеуште неможат да разјаснат како тие камења биле пренесувани од еден остров на друг. 

 

 

  • Бермудскиот триаголник

Област во Атланскиот океан помеѓу Бермудските острови, Флорида и Порторико за која се карактеристични исчезнувањата на авиони и бродови без никаква трага. Просторот името го добил од Хјувел Томпсон кој заедно со 27 авијатичари исчезнал без трага во текот на рутински лет во 1945 година. Многу гласнини се за тоа дека се работи за натприродни сили, додека научниците тврдат дека се работи за урагани, опасна Голфска струја и човечки фактор. 

 

 

  • "Планината-Виножито 

Нашка лините покриваат повеќе од 490 квадратни километри пустина во Јужен Перу. Има многу фигури кои што се стари и по 2.000години. Малку е познато зошто делата се врежани и нацртани во песокот.  Додека некои научници тврдат дека сето тоа е дело на вонземјани, истражувачите и археолозите тврдат дека сето тоа укажува дека тука постоеле извори на вода, кои со текот на годините како се засушувале така создавале фигури. 

 

 

  • Вонземјани и Областа 51

На езерото Грум во Јужна Невада се наоѓа таканаречената Област 51 основана во 1955 година од страна на Американската авијација како центар за истражување на новите летала. Самата природа на воената база во комбинација со истражувањето на тајните технологии и авиони им помогнала на теоретичарите дека заверите се врзани за експерименти како патувања низ времето, прикривање на НЛО и аутопсија на вонземјаните. 

 

 

  • Сфингата во Гиза -Египет

 

Едно од големите чуда е и сфингата во Египет, која има глава на фараон а тело на лав, за кои се верува дека припаѓаат на Кефрен. Направена е од песок, и како поминува времето полека но сигурно ја губи својата автетичност и форма. Популарната теорија за  исчезнувањето на носот на фигурата е дека Наполеоновите војници пукале во него со топовите, меѓутоа откриени се скици кои потврдуваат дека сфингата била без нос уште пред постоењето на Наполеон. 

 

 

  • Лох Нес (Чудовиштето Неси од езерото)

Према Шкотскиот фолклор и народното верување, чудовиштетот Неси е мистично суштество кое ги влечело малите деца во гробница, мамејќи ги дека ќе ги вози на нејзините рамена низ езерото. Ова чудовиште станало многу популарно кога еден очевидец во раните утрински часови ловејќи риба го видел и сето тоа била ударна вест. Но за нејзиното постоење сеуште нема цврсти докази, само една фотографија за која не може да се утврди дали е монтажа или е вистинска.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот