20 животни лекции кои ќе го променат вашиот живот

1. Не плашете се да започнете одново. Животот секогаш нуди нова шанса да запчнете да го живеете животот кој што го сакате и да ги добиете работите кои што ги сакате.

 

2. Заборавете на она што ве повредило во минатото, но никогаш не заборавајте на лекцијата која што ја научивте од минатото.

 

3. Не губи се себеси во обидот да задржиш некој на кој што не му е грижа дали ќе те изгуби тебе.

 

4. Никогаш не дозволувајте некој што го сакате да се чувствува сам. Особено кога вие сте таму покрај него.

 

5. Сите прават грешки, но тоа не значи дека треба да плаќате за нив до крајот на животот. Понекогаш добрите луѓе прават лоши избори. Ова не значи дека тие се лоши, туку дека и тие се луѓе!

 

6. Молете се да имате очи кои што секогаш го гледаат најдоброто во секоја ситуација, срце кое простува зло и душа што никогаш не ја губи верата.

 

7. Разликата помеѓу „ми се допаѓаш“, „се заљубувам“ и „те сакам“ е иста како и помеѓу „сега“, „по некое време“ и „засекогаш“.

 

8. Кога целосно ќе се довериш на друга личност, постојат два можни исходи - доживотно пријател или доживотна лекција. И двете се многу вредни.

 

9. Не се чувствувајте лошо ако некој ве отфрли. Луѓето обично одбиваат скапи работи затоа што не можат да си ги дозволат .

 

10. Едноставно е. Не го лажете оној на кого му верувате и не му верувајте на оној што ве лаже.

 

11. Добра врска помеѓу двајца луѓе не се случува преку ноќ. За добра врска потребно е време, трпеливост и две лица кои навистина сакаат да бидат заедно.

 

12. Вашата единствена конкуренција сте вие. Секогаш трудете се да бидете подобри од она што сте биле претходно.

 

13. Семејството не мора секогаш да биде составено од луѓе со кои сте во крвна врска. Семејството го сочинуваат луѓе кои што сакаат да бидете во нивна близина. Оние што би направиле се за да ве видат како се насмевнувате и оние што ве сакаат.

 

14. Не чувајте место за некој што не се труди да остане со вас.

 

15. Втората шанса не значи ништо ако не ја научивте лекцијата од првиот пат.

 

16. Почитувајте ги луѓето кои наоѓаат време за вас, дури и кога се презафатени.

 

17. Не можете да контролирате кој точно ќе се појави во вашиот живот, но секогаш можете да изберете кого да го отфрлите од вашиот живот.

 

18. Не им верувајте на луѓето чии чувства се менуваат со текот на времето. Верувајте им на оние чии чувства остануваат исти дури и кога се менуваат времињата.

 

19. Не е тешко да се најде некој што ќе каже „те сакам.“ Тешко е да се најде некој што навистина те сака.

 

20. Една од најтешките одлуки што ќе мора да ги донесете во животот е да одлучите дали да заминете од ситуацијата која што не ви се допаѓа или да останете и да вложите повеќе напор за да ја промените кон подобро.

 

Силата е во Тебе! Управувај со твојот живот!

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот