33 години од "Appetite for Destruction" на "Guns N' Roses"

 

"Appetite for Destruction" е прв студиски албум на американскиот хард рок бенд Guns N' Roses.

 

 

Издаден е на 21 јули 1987 година, но од наредната година доживува голем комерцијален успех, по објавувањето на сингловите "Welcome to the Jungle", "Paradise City" и "Sweet Child o' Mine" и нивната прва американска турнеа. Често опишуван како преломен момент на рок музиката во 80те години во Aмерика, кој хронолошки со вокалот на Axl Rose и својот „оштар“ бенд ги опишал сите пороци на градот Лос Анџелес.

Покрај огромниот бран на албуми кои проникнувале од Sunset Strip клубовите до емисиите на MTV,  "Appetite for Destruction" се истакнал со тоа што на најостар начин го опишал животот во Лос Анџелес, дивиот живот, лошата страна на градот, која била нешто дијаметрално спротивно од многуте песни до тогаш во кои бил испеан или спомнуван.

 

 

Моќниот звук на тапаните на Steven Adler, рифовите на Slash и неговиот Les Paul, басот на Duff McKagan и гласот на Axl Rose како олецитворение на лутина и бес кои совршено се вклопувале во мозаикот и филозофијата на бендот, на живеењето на работ, како слика го осликувале бендот кој бил гладен и способен да направи голем оган и врева која вашите родители не можат да ја поднесат.

"Appetite for Destruction" покрај тоа што бил број 1 студиски албум во Америка, воедно е и најпродаван деби албум, и 11ти најпродаван албум во Америка. Со преку 30 милиони продадени примероци низ светот, еден е и од најпродаваните албуми на сите времиња.

 

Позадина, почетоци и снимање на албумот

После многуте настапи во ноќните клубови низ Лос Анџелес, групата потипишала договор со Geffen Records во март 1986 година. Истата година издале 4 ЕП-а со цел да го задржат интересот на публиката додека работат на нивниот деби албум.

Повеќето песни од албумот биле пишувани во времето кога бендот сеуште настапувал во клубовите. Во студио, после неколу недели проба влегле во јануари 1987 година. Slash имал проблем со пронаоѓањето на совршениот звук на гитара, се додека не ја приклучил својата Gibson Les Paul во Marshal појачалото. Перкусиите биле завршени во брз временски интервал, но снимањето на вокалот, поради перфекционизмот на Axl траел многу подолго. Вкупниот буџет за албумот изнесувал 370.000 $.

 

 

Многу песни на албумот настанале како соло нумери напишани од повеќето членови, а кои подоцна биле комплетирани. "It's So Easy" ја напишал Duff McKagan, "Think About You" Izzy Stradlin, "Rocket Queen" била недовршена песна на Slash. 

Повеќето песни ги искажувале личните искуства и секојдневниот живот на членовите на бендот. Текстови кои зборат за љубовта како вечна тема ("Sweet Child O'Mine", "My Michelle"), нивните пороци ("Mr Brownstone", "Rocket Queen") или за животот, посебно оној ноќен во Л.А. ("Welcome To The Jungle"). 

 

"Appetite for Destruction" не бил добро прифатен од критиката. Како главна кривица била таа дека албумот ужива успех само кај слушателите со паролата „Секс, дрога и рокенрол“. 

Kerrang! сепак со позитивен став истакнал дека рок музиката конечно преминува во рацете на вистинските бунтовници.

En Powers од магазинот Rolling Stone напишала дека албумот создава единствена мешавина од различни рок вредности, и го менува сензибилитетот на хард рок музиката во тоа време.

 

До денес, албумот ужива многу признанија од светот на Рок музиката, меѓу кои:

 

- Во 1989 година прогласен е за 27ми најдобар албум на 80тите години, а подоцна и 62ри во листата „500 Најголеми албума“ на магазинот Rolling Stone.

- Во 2001 година Q магазинот го прогласува за еден од најдобрите класични рок албуми на сите времиња.

- Во 2003 година према VH1 е 42ри најдобар албум на сите времиња.

- Во 2002 година Pitchfork го рангира на местото број 59 во нивната листа „100 Најдобри албуми на 80тите години“.

- Во 2006 година према Kerrang! е најдобар рок албум на сите времиња.

- Во 2006 година дел е од книгата „1001 албум кој мора да го слушнете пред да умрете“. 

И уште многу други.

 

Како најпознати песни на албумот, наведени претходно како причина за трасирање на бендот кон височините на популарноста и славата, ќе ги споменеме песните:

 

- "Welcome to the Jungle" која е прогласена за Најдобра Хард рок песна према VH1, дел е од книгата „500 Хеви метал песни на сите времиња“, 467ма е на листата „500 Најдобри песни“ на магазинот Rolling Stone.

- "Paradise City" го зазвема местото број 21 на листата на VH1 „40 најдобри метал песни“, 459та е на листата „500 Најдобри песни“ на магазинот Rolling Stone.

- "Sweet Child o' Mine" е нивен единствен број 1 сингл, 198ма е на листата „500 Најдобри песни“ на магазинот Rolling Stone. Према Q магазинот е 6та најдобра песна на сите времиња, а 7ма е на листата „100 најдобри песни на 80те години“ према VH1.

 

Песни на албумот:

 

 

Страна А:

 

01 "Welcome to the Jungle"

https://www.youtube.com/watch?v=o1tj2zJ2Wvg

 

02. "It's So Easy"

https://www.youtube.com/watch?v=FMbl1ntpIXQ

 

03. "Nightrain"

https://www.youtube.com/watch?v=VMDljoM5JFI

 

04. "Out ta Get Me"

https://www.youtube.com/watch?v=gORKiQ0h1ZA

 

05. "Mr. Brownstone"

https://www.youtube.com/watch?v=27rKrR424cA

 

06. "Paradise City"

https://www.youtube.com/watch?v=Rbm6GXllBiw

 

 

Страна Б:

 

07. "My Michelle"

https://www.youtube.com/watch?v=scmvAg_S97k

 

08. "Think About You"

https://www.youtube.com/watch?v=UPlP54CS0eo

 

09. "Sweet Child o' Mine"

https://www.youtube.com/watch?v=1w7OgIMMRc4

 

10. "You're Crazy"

https://www.youtube.com/watch?v=e3EQ0xP50u0

 

11. "Anything Goes" 

https://www.youtube.com/watch?v=c8H8a5Bab6o

 

12. "Rocket Queen"

https://www.youtube.com/watch?v=YxW9iekNSek

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.