5 лоши навики поради кои ќе се чувствуваш посреќно

Дали мислиш ако си љубезен и пријатен со сите: родителите, пријателите, партнерот, шефот е добра стратегија за среќен живот? Уште од мали нозе родителите ги учат своите деца да бидат добри. Но, со нашата добрина и љубезност им угодуваме на сите околу нас, при тоа заборавајќи на своите желби и потреби. Не залудно се вели дека добрите луѓе одат во рај, а лошите онаму каде што сакаат.

Да знаеш да кажеш НЕ

Да знаеш да кажеш НЕ е главното правило на сите лоши луѓе. На човекот што знае да каже НЕ околината не може лесно да му го наметне своето мислење. Со таквите личности е тешко да се манипулира и речиси е невозможно да се преминат нивните лични граници или пак, да им се наметне чувството на вина. На таквата колешка или колега не можеш да им подметнеш прекувремена работа и сто пати ќе размислиш дали да започнеш расправија со таков партнер или партнерка. Меѓутоа, околината чувствува повеќе благодарност кон таквите луѓе за разлика од оние кои секогаш се подготвени да ви излезат во пресрет или да ви помогнат. Тајната на овој парадокс е многу едноставна: кога лошите личности прават нешто за другите го прават тоа од сѐ срце, искрено и со радост, а не поради тоа што им било непријатно да ве одбијат или да изгледаат рамнодушно или себично во очите на останатите. Патем, мораме да кажеме неколку зборови за егоизмот...

Да знаеш да ги ставиш своите интереси на прво место

Дали некогаш си се запрашал/ла зошто нѐ нервираат егоистите? Зошто мислиме дека таквите луѓе не се доволно воспитани или се претерано разгалени? Всушност, причината е повеќе од едноставна: длабоко во себе им завидуваме на тие среќлии. Во најраното детство родителите ги научиле дека тие се центар на својот сопствен универзум, ги научиле дека треба да се слушаат своите желби, да се препознаваат своите силни и слаби страни. На крајот на краиштата, ги научиле дека без љубов кон себе нема ни љубов кон другите.

Но важно е да правиме разлика помеѓу егоизмот и егоцентризмот. Егоцентричните луѓе не чувствуваат емпатија кон другите. Тие не се способни да слушнат и да прифатат мислење поразлично од нивното. А егоистите се луѓе кои ги штитат своите интереси, но не се лишени од дарбата на сочувствување.

Да знаеш да ги тргнеш проблемите на страна

На прв поглед изгледа многу лесно да знаеш да застанеш, да закочиш, да земеш воздух и да прекинеш да се грижиш за некои работи кои не можеш да ги промениш. Но треба да се каже дека ваквиот впечаток е привиден. Всушност, малкумина од нас знаат да се опуштат и да ги тргнат проблемите на страна.

Да знаеш дрско да вратиш

Речиси секој денешен тинејџер прекрасно ја има совладано оваа умешност. Ти ќе му кажеш еден збор, а тој ќе ти врати десет. Сигурно секој од нас ќе се сети како родителите уште во најраното детство го подучувале дека не треба да се биде дрзок. Безусловно, за околината многу се попријатни оние луѓе кои смирено молчат наместо да ги бранат своите интереси и граници.

Не треба да се плашиш да ги искажеш своите  желби на глас, без разлика дали некому ќе му се допадне или не. Првиот чекор никогаш не е лесен, но со мало залагање набргу ќе ти стане навика.

Да знаеш да избегнуваш брзи одлуки

За никого не е тајна дека денешниот начин на живот е премногу брз и динамичен. Постојано сме во некоја трка со самите себе, честопати сме присилени да правиме повеќе работи истовремено и слично. Во овој контекст способноста да живeеш мирно и хармонично со самиот себе и со природата треба да се признае за посебна уметност. Да знаеш да ја тргнеш ситуацијата на страна, да не донесуваш брзи и непромислени одлуки е лошата навика која ќе придонесе да се чувствуваш многу посреќно.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот