5 најпознати козметички компании во светот

 

Производството на козметика денес е под доминација на мал број на мултинационални компании кои што настанале во почетокот на 20от век, додека пак дистрибуцијата и продажбата на козметика е застепена во големиот и широк спектар на компании од ваков тип. Во прилог се прикажани првите пет најголеми козметички индустрии за козметика.

 L'Oréal

    Претставува една од најголемите и најпознатите козметички компании во светот, вклучувајќи ги  во својата структура нејзините најпознати брендови на светот. Во козметичката индустрија оваа компанија се појавува еден век пред 1909година и до денес оваа компанија генерира со повеќе од 30милијарди Американски долари годишно од продажбата на нејзините козметички производи. Асортиманот на L'Oréal  во своето портфолио содржи: козметика за нега на кожа, нега на коса, козметика во боја и парфеми. Подоцна и линијата на производи за заштита од сонце. Во склоп на L'Oréal влегуваат следниве брендови: L'Oréal Pariz, Garnier, Maybeline New York i SoftSheen. Компанијата исто така соработува и со луксузните брендови Lancome, Giorgio Armani, Yves Saint Laurent, Kiehl`s итн. Специјализирана е и за линијата на професионални производи за нега на коса од познатите брендови: Kaerastase, Redken, Matrix, Purelogy итн.  

 Uniliver

   Една од најголемите компании за широка потрошувачка на козметички производи и успеала да обезбеди место во козметичката индустрија застапувајќи ги најголемите брендови како: Dove, Lifebioy, Close-Up, Sunsilk, Vaseline итн. Во 2007 година Uniliver излезе на пазарот претставувајќи ја линијата на парфеми. 

Este Lauder 

  Една од водечките компании во светот на козметиката која нуди квалитетна козметика за нега на кожа, нега на коса, шминка и парфеми. Поседува портфолио од +25 брендови кои се продаваат во 150 земји ширум светот. Од своето основање во 40тите години оваа компанија оставила голем траг во сите аспекти на козметичката индустрија. 

Proctor and Gamble 

   Компанија лоцирана во Синсинати (Охајо- САД) која има висока позиција во полето за нега на коса со неколку познати брендови во своето портфолио: Aussie, Gillete, Herbal Essences, Ivory, Old Spice, Pantene, Safeguard, Secret, Oral-B, итн. Оваа компанија нуди спектар на производи за мажи, жени, деца и бебиња. 

Coty

 Компанија сместена во Њјуорк и својот бизнис во светот на козметиката го носи на високо ниво. Произведува парфеми, производи за нега на коса и кожа, како и козметика во боја. Ги поседува светските брендови како: Adidas, CoverGirl, Sally Hansen, Rimmel, Wella итн. Вклучува и луксузни брендови како: Hugo Boss, Gucci, Calvin Clain, Marc Jacobs итн. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот