5 семејства кои ја создадоа Светската историја

1. Семејството Nehru-Gandi

nehru-gandi

Ова семејство ја создало модерната Индија и не треба да ги споредуваме со Mahatmom Gandi бидејќи ова семејство со него нема никаква сродна врска без разлика што се бореле за истата цел а тоа независноста на Индија. Džavaharlar Nehru бил борец против Британската окупација на Индија како и Nehru-Gandi но за разлика од него тој спроведувал акции кои што доведувале до појавата на граѓанска непослушност при што завршил во затвор. По излегувањето од затвор во 1945година играл важна улога во преговорите за независна Индија и Пакистан. Во 1947 би поставен за премиер  и таа функција ја извршува се до неговата смрт во 1964година. Неговата ќерка Индира Ганди поминала една година во затвор поради борбата против Британската окупација. По излегувањето станува премиер од 1966 до 1977 и подоцна повторно од 1980-1984година владеејќи како диктатор. На 31 октомври Индира беше убеиена од својот личен телохранител  за кој подоцна се откри дека бил сикиски шпион. Нејзиниот син Раџив Ганди исто така бил убиен од страна на девојка која се разнела со бомба во текот на претседателските избори во 1991година. Сепак сите овие трагедии не го спречило ова семејство да ја продолжи својата политичка амбиција и во 2004 година Раул Ганди влегува во политичките кругови.

2. Династија Плантагенет 

dinastija plantagenet

Династијата Плантагенет во својот состав имала 15 англиски владетел. Потекнува од грофовите на Франција. За време на владеењето на оваа династија Англија значајно процветала. Оваа династија го претставувала готскиот стил кој ја инспирирал една од најрелевантните градби на тоа време, Вестминистерската Палата во која се обликувала Англија и се освојувале закони. За време на нивното владеење настанала и контраверзната Магна Карта. Под истото ова владеење се наоѓале и високопрестижните универзитети Оксфорд и Кембриџ. Владеењето на оваа династија завршило во 1485година со смртта на Ричард Трети кој во битка го убил Хенри Тјудор, после на чело на земјата ја довел својата фамилија. 

3. Семејство Јулие-Клауди

dinastija julijevaca klaudijevaca

Две моќни семејства на Стариот Рим ке се спојат во многу голема династија која ке пише историја на едно царство. Оваа династија се сведува на петте најголеми Римски цареви кои владееле со Земјата 14 години пред новата ера и 68години. Биле во поврзани бракови или посвоени: Август, Тиберие, Калигула, Клаудие и Нерон. Се започнало со Октавије Август првиот римски цар кој се сметало дека е посвоен од страна на својот вујко Гаја Јулие Цезар после Цезаровата смрт. Тој бил револуционерен диктатор и државник кој со својата визија ги поставил темелите за романизација на Западна Европа. Сите пет цареви имале исти цели, огромни градежни проекти, додавале нови територии, народот ги сакал но нивните сенатори ги одбивале. Калигула останал запаметен како деспотски владател кој својот коњ го именувал за конзул и бил убиен од страна на член од преторијанската гарда. Клаудије ја нападнал Британија и ја споил како Царство. Се верува дека неговата сопруга ја отрула неговата 4 жена Аргипина за да нејзиниот син Нерон побрзо да дојде на власт. Ова династија престанала да постои по самоубиството на Нерон во 68 година. 

4. Династија Птоломеј 

dinastija ptolomeja

Основач на ова династија бил Птоломеј, еден од војсководците на Александар Велики. После Александровата смрт 323 г.п.н.е секој од неговите верни генерали станал водич на некоја голема империја. Птоломеј го добил Египет 305 г.п.н.е. и самиот се прогласил за крал. Египјаните го прифатиле за крал како наследник на  нивниот фараон и неговата династија владеела со Египет наредните три века. Птоломеј освојувал нови територии меѓу кои се Кипар, Палестина и некои други грчки острови. Во периодот на неговото владеење изградена е и прочуената библиотека на Александар која ја  претворил во центар за наука и уметност, а Египет за престолнина на древниот свет. Најпознато име во оваа династија е Клеопатра Седма која ја предизвикала војната меѓу Рим и Египет.

5. Династија Минг 

kineska dinastija ming

После успешното отстранување на монголската династија Juan од челото на кинеската империја за прв цар на династијата се смета Минг кој дошол на престолот 1368година. Džu Juen Džang чие кралско име му било Hung-vu набрзо станал силен и моќен владетел кој ја водел својата војска во инвазијата на Монголија а до својата смрт во 1398година имал поглем дел од централна Кина во своите раце и ја уценувал Кореја да плаќа данок. За време на владеењето на Минг, Кина достигнала висок материјален просперитет и социјална сигурност. Бројот на население неверојатно пораснало на 200 милиони и војска која броела околу милион војници. Царевите од династијата Минг покренале многу големи и амбициозни проекти како: обезбедување на моќна флота  во која истражувач и морнар бил Dženg He  кој пловел до Африка, го обновиле Големиот канал и го зацврстиле Кинескиот ѕид. Во 15от век главен град на Кина станал Пекинг. 

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот