Сер Алфред Јосеф Хичкок (Sir Alfred Joseph Hitchcock; Лондон, 13.08.1899 - Лос Анџелес, 29.04. 1980).
За некого бил генијалец, за некого лудак, но покрај сето тоа Хичкок успеал да ја зачува својата репутација на еден од највлијателните филмски автори и режисери на сите времиња во историјата на филмот.
Во скоро шест децении од неговата богата и долга кариера режирал повеќе од 50 филма, од кои 16 имале номинација за оскар.
Маестрален е во доменот на криминалистичкиот жанр. Во своите трилери ги надминал стандардите што ја задоволуваат публиката, постигнувајќи истовремено популарност рамна на најголемите актерски ѕвезди.
Култен режисер, еден од најголемите експериментатори на филмското изразување, а прецизноста на кадрирањето во неговите дела е доведена до совршенство.
Карактеристики на неговите филмови се наклонетост за монтажа или движења на фотоапарати, иронија и цинизам, напнатост и шок, наизменични трагични елементи и атрактивна, возбудлива и напната фабула како маска за подлабока и поинтригирана основа на самото дело.
Бил перфекционист, кој по неколку пати ги повторувал сцените додека не ги доведе до совршенство.
Во своите филмови често соработувал со Кери Грант, Џејмс Стујарт и Ингрид Бергман.
Тешко е да се набројат сите филмски работници (режисери, сценаристи, актери) врз кои Хичкок имал огромно влијание, како што е тешко и да се направи и една листа на негови најдобри филмови.
Во книгата „1001 филм кои мора да ги изгледате пред да умрете“, Хичкок го држи рекордот со 18 наслови. Највеќе негови филмови има и на листата TOP 250 на IMDB.
Према неговите зборови, три најбитни работи за да се направи добар филм се:
1. Сценарио
2. Сценарио
3. Сценарио
Починал на 29 април 1980 година, без јавен погреб, кремиран, а неговите остатоци биле фрлени во океанот.
Останал британец иако во 1956 година добил и американско државјанство.
А ова е нашиот избор од 10 најдобри филмови на легендардниот режисер.
10. Strangers on a Train
Година: 1951
Главни улоги: Farley Granger, Robert Walker, Ruth Roman
Краток опис: Психотичен член од високото друштво се обидува да натера професионална тенисерска ѕвезда за докажување на теоријата како двајца потполни страници можат да се извлечат од убиство невини.
09. Shadow of a Doubt
Година: 1943
Улоги: Teresa Wright, Joseph Cotten, Macdonald Carey
Краток опис: Млада жена дознава дека нејзиниот вујко кој е во посета, всушност не е онаков човек каков што се прикажува дека е.
08. Notorious
Година: 1946
Главни улоги: Cary Grant, Ingrid Bergman, Claude Rains
Краток опис: Од жена се бара да шпионира група Нацистички пријатели. Колку далеку мора да оди за да се уфрли меѓу нив?
07. Dial M for Murder
Година: 1954
Главни улоги: Ray Milland, Grace Kelly, Robert Cummings
Краток опис: Тенисер планира убиство на неговата неверна жена, откако случајно го прекинала неговиот план за нејзино убиство.
06. Rebecca
Година: 1940
Главни улоги: Laurence Olivier, Joan Fontaine, George Sanders
Краток опис: Самосвесна невеста ја измачува сеќавањето на починатата прва жена на нејзиниот сопруг.
05. The Birds
Година: 1963
Главни улоги: Rod Taylor, Tippi Hedren, Jessica Tandy
Краток опис: Богата членка од високото друштво на Сан Франциско, носи млад дечко во северна Калифорнија, кој полека завзема правец во бизарното додека птици од многу врсти наеднаш почнуваат да ги напаѓаат луѓето.
04. Rear Window
Година: 1954
Главни улоги: James Stewart, Grace Kelly, Wendell Corey
Краток опис: Фотограф во инвалидска количка ги шпионира своите соседи низ својот апартмански прозорец, и станува убеден дека еден од нив извршил убиство.
03. North by Northwest
Година: 1959
Главни улоги: Cary Grant, Eva Marie Saint, James Mason
Краток опис: Несреќен њујоршки рекламен извршител заменет е со владин агент од страна на странски шпиуни и гонет е низ државата додека бара начин како да преживее.
02. Psycho
Година: 1960
Главни улоги: Anthony Perkins, Janet Leigh, Vera Miles
Краток опис: Секретарка од Феникс краде 40.000 $ од клиент на својот работодавач, се пушта во бегство, а по пат се пријавува во оддалечен хотел кој го води млад човек низ доминација на својата мајка.
01. Vertigo
Година: 1958
Главни улоги: James Stewart, Kim Novak, Barbara Bel Geddes
Краток опис: Бивш полициски детектив се бори со своите внатрешни демони и станува опседнат со преубава жена.
Мора да сте логирани да напишете коментар.