Аналитички ум - Дали навистина постои ?

  1. Аналитички Ум - Дали навистина постои ?

Ако во мозокот имаме информации од минатото, во моментот кога ќе станеме наутро ние веќе мислиме на минатото. Секое наше сеќавање има своја емоција. Емоциите се продукт и резултат на нашите минати искуства . Во моментот кога ќе се потсетиме на некои од тие сеќавања понекогаш се чувствуваме  несреќно жално и тажно, а со тоа чувствуваме и болка. Значи како размислуваме и како чувствуваме го дефинира нашето целокупно постоење. Тоа значи дека целокупното постоење на една личност кога ќе го почне денот е во минатото. Што значи ова ? Познатото минато порано или подоцна ќе биде предвидлива иднина. Ако веруваме дека нашите мисли имаат врска со нашата судбина, по некое размислување доаѓаме до заклучок дека ние размислуваме во минатото. И по некој тек на настаните сами си го креираме и животот како таков. Ги земаме телефоните, проверуваме Е-Маил, ФБ, сликаме слики, постираме на ФБ, на инстаграм, читаме вести, и тогаш дури се чувствуваме навистина поврзани со се што е познато во нашиот живот. Понатаму следат серии на рутински однесувања. Стануваме од кревет, пиеме кафе, се тушираме, одиме на работа, ги правиме истите работи постојано стискајќи ги истите емоционални копчиња. Ова станува рутина и истото станува како програма еден вид. Со ова на некој начин ние ја губиме слободната волја поради програма. Кога доаѓа време нешто да смениме и промениме, ова ни станува нешто како потсвесна програма и сега 95 % од она што сме додека наполниме 35 години е меморизиран и запамтен сет од однесувања, емоционални реакции несвесни навики, верувања и перцепции кои заедно функционираат како компјутерска програма. Тогаш ние може да кажеме со нашите 5 % свесен дел од мозокот ,, Сакам да сум здрав “  ,,Сакам да сум среќен“  ,,Сакам да сум слободен“ Но телото е на сосема друга програма. И сега прашањето е како почнуваме да ги направиме овие промени ?Па , потребно е да излеземе надвор од аналитичкиот ум, бидејќи она што го разделува свесното од несвесното е Аналитичкиот ум.Тогаш доаѓа медитацијата. Со ова можеме да ги учиме луѓето низ вежби како да ги променат самите мозочни бранови, да ги забават. И кога тоа ќе го направат правилно, тие влегуваат во самиот оперативен систем каде што можат да започнат да прават некои навистина важни промени. Тогаш повеќето луѓе чекаат да им се случи некоја криза или траума, или можеби болест некоја трагедија, се со цел да се одлучат да се променат себеси. Мојата порака е : ,, Зошто да чекате“ ? Може да се промениме преку страдање, и болка или може да научиме и да се промениме преку радост и инспирација. Мислам дека токму сега најубавото нешто е тоа што луѓето полека се будат.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот