На младинскиот предизвик "Generation Unlimited 2019" една од петте победници беше и апликацијата Walkiie создадена од младиот тим Нешто Нетипично, младински работници од ЦМА КРИК: Елена Божиновска, Ѕвезда Иванова и Лазе Димов.
„Главниот проблем кој го увидовме при барање на проблематиките со кои се соочуваат лицата со попреченост е всушност нивната мобилност. Така, дојдовме до решение да направиме дигитална алатка - апликација која ќе им помогне на лицата со попреченост полесно и побезбедно да стигнат до посакуваната дестинација„ - вели тимот.
Walkiie има и значење во своето име. Двете „и„ кога се поврзуваат се претвораат во „Walk me„ - во превод оди со мене, однеси ме. Оваа апликација функционира многу едноставно:
1. Се превзема од Play Store
2. Се прави профил каде што се одбира опцијата корисник / волонтер
3. Корисникот ја гледа листата на волонтери, го одбира оној кој смета дека му одговара и го закажува терминот.
4. На крај, волонтерите прифаќаат или откажуваат.
Главното мото на тимот е: „Заедно сме повеќе, заедно сме посилни!“
Мора да сте логирани да напишете коментар.