На денешен ден во 1938 година роден е Арсен Дедиќ, југословенски и хрватски музичар, пеач, поет, текстописец, аранжер и кантавтор.
Еден од втемелителите на шансоната во Хрватска, победник на неколку музички фестивали, добитник на безброј награди и признанија.
Напишал и компонирал многу живописни љубовни песни, а со својот стил придобил илјадници фанови.
Преведувал и обработувал светски познати шансони и автори, а со некои и соработувал (Џино Паоли, Серџо Ендриг), додека Жак Брел имал огромно влијаније врз работата и креативноста на Дедиќ.
Музиката му била основица, но во спој и со поезијата го истакнал својот каракеристичен говор, што ќе стане и негово главно одбележје. Пишувал музика за стиховите на Мирослав Крлежа, Добрица Цесариќ, Тин Ујевиќ и многу други.
Неговите песни биле преведувани и преработувани од многу артисти, а самиот Дедиќ пишувал и за големите естрадни уметници, своите колеги како Габи Новак, Ибрица Јусиќ.
Голем дел од неговиот музички опус ја сочинува и музиката за ТВ, филмот и театарот.
Бил член на Хрватското друштво на композитори и Хрватското друштво на писатели.
Познат под прекарот „општо практичен песник“, Арсен Дедиќ е, према многумина, најкомплетниот, најголем и најбитен кантавтор во историјата на хрватската модерна и популарна музика.
Неговата богата музичка кариера која траела од 1960 до 2015 година кога починал на 77 годишна возраст, брои преку 20 студиски албуми, синглови и официјално издадени компилации.
Негов најпознат, воедно и прв студиски албум е албумот „Човјек као ја“ издаден во 1969 година за Југотон.
Како автор имал големо влијание врз многу уметници, музичар и кантавтори, кои не само што преработиле песни од Дедиќ, туку и дел од нивната работа била создадена токму од неговото вилијание како музичар, врз нив. Како мал дел од тие музичари би ги спомнале Забрањено Пушење, Бранимир Штулиќ, Масимо Савиќ, Зоран Предин, Ѓорѓе Балашевиќ, Кемал Монтено, Раде Шербеџија.
Секако, позната и доста плодна била неговата соработа со една од најголемите ѕвезди на бившите југословенски простори, Здравко Чолиќ.
Од 1973 година до смртта, сопруга му беше Габи Новак.
Во негова чест, Ви претставуваме наш избор од 10 најдбори песни на големиот уметник и музичар.
10. Djevojka iz moga kraja (1984)
https://www.youtube.com/watch?v=0vgp1MOMCEU
09. Kuća pored mora (1969)
https://www.youtube.com/watch?v=mPd7RPtRNRg
08. Djevojka za jedan dan (1970)
https://www.youtube.com/watch?v=DWRORb8jxkk
07. Takvim sjajem može sjati (1971)
https://www.youtube.com/watch?v=6_EXourzS_M
06. Sanjam te (1966)
https://www.youtube.com/watch?v=4wCysGTWyEo
05. O, mladosti (1971)
https://www.youtube.com/watch?v=_ZPcHSd1sUA
04. Čovjek kao ja (1969)
https://www.youtube.com/watch?v=BIxynqc6Aps
03. Balada o prolaznosti (1971)
https://www.youtube.com/watch?v=zcWsvN-dd6Y
02. Moderato cantabile (1964)
https://www.youtube.com/watch?v=o_-8uLeELSM
01. Sve što znaš o meni (1969)
https://www.youtube.com/watch?v=L9FhoSHZbrU
Мора да сте логирани да напишете коментар.