Како истакнато одморалиште на богатите Баја била најголемиот хир во тогашната римска елита. Град кој се наоѓал на природни вулкански острови бил познат по топлите бањи и лековитите извори кои се наоѓале насекаде и било многу лесно ова место да го сметаме како бања. Купатилата биле исполнети со топла минерална вода оја во базените била усмеравана по пат на подземни сулфурни извори. Покрај нивните рекреативни функции купатилата е користеле во римската медицина за лекување на различни болести и лекарите биле присутни додека нивните пациенти се опуштале во минералните води. Римските инжинери исто така осмислиле начин како да изградат сложен систем на комори кои топлината од подземните извори ке ја носат во објектот кој служел како сауна. Овој град го посетувале многу славни и познати личности од тоа време како: Цезар, Нерон, Цицерон итн, а многу од нив се заљубиле во убавината на ова место што направиле вили за да можат да уживаат во т.н. рај на земјата. Меѓутоа како што знаеме освен користење на лековитите способности на ова место тука римските императори за жал ги практикувале нивните изопачени и навидум харемски дела. За жал уживањето и погодностите на овој град во кој уживале многу римски императори, бил нападнат и ограбен во 8 век од страна на Сарцени.
До 1500тата година ова место одамна било напуштено, а тоа довело до појава маларија и ширење на истата. После испразнувањето на градот нивото на водата започнало да расте благодарејќи на тие вулкански островчиња кои кај Римските имепратори предизвикувале восхит и уживање. Денес голем дел од луксузните градежни делови што успеале да бидат спасени се наоѓаат под вода и се сметаат како археолошки подводни наследни богатства. На посетителите им е овозможено да оштетените и многу добро зачувани статуи од античкиот период да ги видат од чамец со провидно дно или со нуркање што им дава шанса да плимаат низ обилни рушевини кои некогаш владееле развратот и зиопшачените желби на римските императори.
Мора да сте логирани да напишете коментар.