Шест годишно момче си го ризикуваше животот за да ја спаси сестричката од напад на куче

Научниците тврдат дека браќата и сестрите имаат многу моќно влијание еден на друг. Тие се првите најдобри другари, подоцна во животот и најдобри пријатели.

Да се биде поголем брат е привилегија и должност.Оваа љубов е безусловна.

Ова момче на 6годишна возраст од Вајоминг во САД , Бриџер Вокер, го ризикуваше својот живот за да ја спаси својата помала сестра.

На 9ти Јули, куче ја нападнало сестра му, а Бриџер без размислување тргнал во одбрана.

Нивната тетка, Никол, ја сподели оваа приказна на Инстаграм, и ги обележа актерите од филмот "Одмазници" за да видат дека имаат најмлада конкуренција.

Инцидентот се случил во домот на нивни пријател.Двете деца и пријателот си играле во дворот, каде што имало кучиња.

Едно од кучињата ја нападнало малата сестричка и 6годишниот Бриџер веднаш скокнал помеѓу нив.

Кога кучето го нападнало братчето, тој викнал по неа да бега, потоа ја фатил за рака и избегале на безбедно место.

Сепак Бриџер завршил неколку пати каснат на лицето и главата.

Сопственикот на кучето се појавил по некоја минута, го затворил кучето, го однел момчето во куќата, и веднаш викнал брза помош. Детето имало неколку рани, нај големи на лицето, за кои биле потребни 90 конци. 

Бриџер Вокер

Момчето рекло:

”Ако некој требаше да умре, мислев дека треба да сум јас.”

Каков херој.

Тој сега е дома, се одмара и се обидува да се насмевне.

Неговата тетка, Ники, објавила неколку фотографии од него кога била да го посети во неговиот дом. Таа објаснила дека неговите рани изгледаат многу подобро, дека момчето има преголема човечност, и дека неговата прекрасна душа е недопирлива.

Бриџер Вокер

Неговите родители рекле:

“Овој немил настан е лоша несреќа, а сопственикот на кучето е прекрасен човек, кој што знаеме дека Бриџет го сака како свое дете.“

Воопшто не го обвинуваме сопственикот, тој е наш пријател, и ако нешто се промени после овој немил настан, тоа е само зацврстување на нашето пријателство.

Многу познати личности ја споделија оваа приказна и го пофалија Бриџет за неговото дело.

Ен Хатавеј:

Јас не сум "Одмазник" но можам да препознаам супер херој.

Се надевам дека сум половина храбра во својот живот колку што си ти, Бриџер. Ти посакувам побрзо оздравување.

Какво момче. Каков херој.

Бриџер Вокер

Бриџер Вокер

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот