Езерото Чиандао е сместено во Кина во провинцијата Џегонг околу 150километри од главниот град Хангоџа. Познато како езеро со илјада острови под кои се крие цел древен град. Оваа водена убавина која се истакнува со неверојатна убавина, формирана е после изградбата на хидроелектраната на реката Џинџан во 1959година кога долината на реката била поплавена со цел создавање на воден резервоар. Покрај 1.078 острови ова езеро е познато и по кристално чистата вода и бујните шуми околу него. Но она што лежи под него го прави ова езеро уште поинтересно. Пред долината да биде поплавена во подножјето н планината Ву Ши се наоѓале два велинчествени градови Ши Чонг и Ха Чонг. Ши Чонг е изграден пред околу 1.300 години за време на владеењето на династијата Танг ( 618-907) и бил културен центар а воедно и политички и економски врв на земјата. Ха Чонг е многу постар и е изграден во време на владеењето на династијата Хан ( 206 г.п.н.е) и служел како деловен центар покрај реката Џинџан. Овие древни градови се поплавени во 1959година бидејќи кинеската влада одлучила на овој предел да изгради хидроцентрала и резервоар на вода поради зголемениот број на жители и потребите за напојување на обработливите површни.
Покрај овие два града потопени се и 27 градови, 1377 села и околу 50.000 хектари на обработлива површина. Под вода биле околу 10.000 куќи а 290.000 жители биле преселени поради потребите за да се оствари овој проект, тоа влијело и на кинеската опатија која била шокирана од тоа што го решила кинеската влада и како истата го уништила древниот град. Градовите потопени во ова езеро биле заборавени околу 40гоини се додека Чиу Фонг кој бил задолжен за локален туризам во 2001 година поттикнал разговори со еден клуб за заронување во Пекинг за да се прошират спортските и забавните активности. Клубот се согласил и решил да го зарине езерото. После заринувањето работниците кои биле дел од оваа активност наишле на фасцинантно откритие, сите градови и села биле комплетно зачувани а карактеристично било тоа што скалилата на ќуките кои биле направени од дрво сеуште биле здрави и многу добро зачувани. Постоеле многу развојни идеи за тоа како овие градови да го развијат туризмот и да се претстават на туристите. Најпрво идејата била да се направат ѕидини и тврдини од кои ќе може да се разгледува ова древно чудо но за жал идејата се покажала како неправилна и невозможна за остварување. Друга многу убава идеја била да се изгради подморница која ке исплови и ке се нурне во длабочините на езерото притоа овозможувајќи им на туристите да го разгледаат целиот подземен град, но за жал властите не дозволуваат подморници надвор од водите на морето.
Овој проект исто така би се покажал како несоодветен бидејќи поради струењата на водата и влегувањето на подморница голем е ризикот од оштетување на археолошкото богатство. Конечно во 2002година е донесено решение и е започнат проект на истражување од седум држави за тоа да се изгради така наречен Арихмедов мост кој би пловел над езерото и би влегувал под вода за да може да се разгледува. Идејата емногу комплицирана и тешка за изградба и затоа проектот е сеуште во фаза на испитување но доколку се добие решение ке се овозможи комплетна глетка на овие древни градови.
Мора да сте логирани да напишете коментар.