На денешен ден во 1788 година во Данциг, денешен Гдањск (Полска) роден е Артур Шопенхауер, германски филозоф, учител и писател, претставник на песимизмот.
Низ неговите дела најчесто се занимавал со Метафизика, естетика и етика. Делата на Шопенхауер имале големо влијание врз многу големи и познати мислители и писатели како што се Ниче, Ајнштајн, Фројд, Толстој, Шо, Борхес, но и врз композитори од калибарот на Вагнер.
Починал на 21 септември 1860 година, во Франкфурт, на 72. годишна возраст.
Ви претставуваме 10 големи мисли и мудрости од неговиот опус.
„Главниот предмет за изучување кај младите мора да биде оној во којшто ќе го совладаат поднесувањето на самотијата: таа е всушност извор на среќа и душевен мир“.
„Тој е многу недруштвен“, практично значи: „Тој е човек со големи квалитети“.
„Кој сака да му поверуваат на зборовите треба да ги каже ладнокрвно и без страст“.
„Богатството е слично на морската вода – колку повеќе пиеме, толку повеќе сме жедни за уште“.
„Помеѓу генијалноста и лудиот, сличноста е во тоа што обајцата живеат во еден сосема поинаков свет од сите други луѓе“.
„Оној кој им е пријател на сите, не е ничиј пријател“.
„Судбината ги меша картите, а ние играме“.
„Бракот значи да ги преполовите своите права, а да ги дуплирате обврските“.
„Оној кој сака да му се верува на зборот, треба да го изговори ладно и без страст“.
„Подобро е да го најдете вашиот ум во тишина отколку во разговор“.
Мора да сте логирани да напишете коментар.