ТЕСТ: Дали сте зависник од Интернет?

Одговорете на секое прашање со еден од следниве одговори, додавајќи го потребниот број на поени. Не одговарајте на прашања што не важат за вас и никогаш не сте биле во таква ситуација.

• Ретко - 1 поен

• Понекогаш - 2 поени

• Често - 3 поени

• Многу често - 4 поени

• Секогаш - 5 поени

1. Колку често останувате на Интернет подолго отколку што сте имале намера?

2. Колку често ја запоставувате домашната работа за да поминете време пред компјутерот/телефонот?

3. Колку често сакате да пребарувате информации на Интернет?

4. Колку често се дружите со пријатлите преку Интернет?

5. Колку често вашите најблиски се жалат дека премногу долго останувате на Интернет наместо да поминувате време со нив?

6. Колку често доцните со исполнување на домашните обврски и домашните задача заради фактот дека поминувате премногу време на Интернет?

7. Колку често го проверувате вашиот e-mail пред да започнете со друга работа?

8. Колку често вашата концентрација на работа е помала заради прелистување на Интернет?

9. Колку често станувате таинствени и не сакате да дадете објаснување кога некој ќе ве праша што правите на Интернет?

10. Колку често се смирувате од вашите тажни мисли или настани од реалниот живот со емоциите/пораките/советите што ги наоѓате на Интернет?

11. Колку често седнувате на компјутер/ телефон веднаш што ќе се разбудите?

12. Колку често мислите дека животот без Интернет би бил многу досаден и помалку забавен?

13. Колку често реагирате грубо или викате ако некој ви досадува додека сте на Интернет?

14. Колку често не спиете доцна во ноќта за да пребарувате на Интернет?

15. Колку често мислите дека размислувате што има ново на FB, Instagram, Tik Tok, и слично.

16. Колку често си велите себеси дека времето што го поминувате на Интернет и добро искористено време?

17. Колку често се обидувате да го намалите времето што го поминувате на Интернет, но без резултат?

18. Колку често се обидувате да го скриете од другите времето што го поминавте пред компјутерот?

19. Колку често сакате да останете дома пред компјутерот/телефонот отколку да излезете со пријателите?

20. Колку често се чувствувате депресивно кога не сте на Интернет и не признавате дека вашето лошо расположение се должи на недостаток на Интернет. Како и да е, сè е добро штом повторно сте на Интернет.

Колку повеќе поени имате, толку е поголема вашето ниво на зависност од Интернет. Резултатите под 20 поени укажуваат дека сте далеку од зависници од Интернет.

Одговори:

20 - 49: Вие сте просечен корисник на Интернет. Вие користите Интернет со цел и тоа не влијаете врз вашата психа. Можете да поминете долго време на сурфање на Интернет, но и кога ја немате таа можност, не очајувате. Вие ја контролирате вашата состојба, така што таа не ја минува границата.

50 - 79: Вие дефинитивно може да зборувате за проблем со зависност од Интернет. Вие сте зависник и не можете да си го замислувате животот без да бидете онлајн секој ден. Обрнете внимание на вашите намалени вистински социјални контакти на штета на онлајн комуникацијата. Обидете се да го намалите времето што го поминувате пред компјутерот, освен ако тоа не е вашето работно место.

80 - 100: Користењето на Интернет сериозно го загрозува вашиот нормален живот. Вие сте зависни од прелистување на веб и од мрежна комуникација. Вие сте целосно зависни од компјутерот и не се осеќате добро ако немате Интернет врска при рака. Треба сериозно да размислите дали можете да водите нормален социјален живот ако не го намалите времето поминато пред компјутерот/телефонот и вашата ментална зависност од Интернет.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот