Она да запознаеш една личност и едноставно да не си заинтересиран за никој друг. Да знаеш дека е тоа тоа. Тоа е она што го бараш. Свесна си дека има и подобри од него, но го сакаш него. Не ни сакаш да запознаваш други личности бидејќи знаеш дека тој е тој што те дополнува, тој е таа „половина која недостасува“. Таа сродна душа.. Според одредени верувања кога одредена личност ќе се роди, една душа се дели на два дела. И всушност тој е таа личност која цел живот си чекала да ја запознаеш. Чувствуваш дека тој е тој „вистинскиот“. Имаш храброст се да направиш со него и за него. Не чувствуваш никаков притисок. Ништо не е „со сила“. Се е некако слеано, се се поврзува едно со друго, коцките се поклопуваат. Среќна си.
Сеуште се прашувам како можам да верувам во љубов кога живеам во вакво општество. Има позитивни работи секако. Но, живееме во општество во кое љубовта е прикажана со едно „Те сакам“, „сонце“, „срце“, „љубов“, „бебе“ итн. Љубовта е претставена со секс. Љубовта е претставена со пари. Се е измешано.
Почни од (твоите или нечии) родители. Всушност лица кои најчесто добро се согласуваат, се грижат за нивните деца.. а кој не би се грижел за неговите деца. Повремено имаат и односи и тоа е се. Тие само функционираат добро.
Пред некое време зборувам со блиска, повозрасна личност, онака љубов, врски, брак.. Ми вели нешто во смисла „ти мислиш дека во бракот постои љубов?“. Стојам и се си мислам постои. Секако има луѓе кои се сакаат.. Таа продолжува „во бракот треба да имаш доверба, треба да се сложувате еден со друг.. да имате слични цели“. Повторно размислувам, како тоа доверба, сложување, слични цели, што зборува женава? Каде е она навивање, поддржување еден со друг и за различни цели. Нели ние со нашата „вистинска“ личност треба да сме тука еден за друг и што и да се случи, колку и да сме различни, да не се откажуваме само од една цел – да не се откажуваме еден од друг..?
Ми кажува дека е најважно да се грижите за децата блабла. Како то е најважно да се грижиме за децата? Од каде тоа дека ќе имаме деца? Како то е најважно тој некој да биде прифатен од нашите родители? Дали тие би поминувале повеќе време со него или јас? Било важно да се сложувам со него, бидејќи мора да изберам една личност, бидејќи со таа личност ќе бидам до крајот на животот. Што доколку сакам да го поминам цел живот сама? Што значи сето тоа??
Ми „дообјаснува“ уште неколку работи.
Кое е значењето? Која е целта? Која е целта на љубовта? Зошто воопшто постои? Нели љубовта беше таа која го сменува светот?
Зошто сега како што растеме, не учат на други работи? Кај се розовите очила од детството? Тој некој (значи, доколку си женско, мора да е некој, да нема забуни) кој ќе го избериме ние, мора да ги задоволува критериумите поставени од општеството, мора да им се допадне на нашите родители, мора да им се допадне на нашите најблиски, мора да е добар со деца...
Не е важна љубовта. Освен тоа, не е важно дали мене ми е убаво со него. Тој мора да биде ни премногу богат (бидејќи тогаш трчам по пари), ни премногу сиромав (бидејќи тогаш цел живот ќе мора да работам и ништо нема да напраам од себе.. и најверојатно трчам по нешто друго кај него). Не значи ништо тоа какви чувста ми буди (но, многу зависи тоа како тој се однесува во јавност со мене). Да биди од убава фамилија (традиционална, „нормална“ фамилија т.е онаа фамилија во која ниту еден брат, сестра, братучед, тетка, вујко итн, нема направено никаква отстапка од она што е прифатено како нормално во тоа општество).
Седиме и сеуште размислувам. Барем во моја близина колку има бракови „туку-така“ склучени. Колку луѓе ја имаат изгубено љубовта заради прости правила и прописи, заради повозрасните кои својот авторитет и верувања ги оправуваат преку морал и морални вредности?
Размислувам за мои блиски личности кои се во подолги, посериозни врски.. за блиски личности кои се во брак.
Всушност забележувам дека многу луѓе се откажале од љубовта, се откажале и од нивните цели.. се откажале од себе си и се со цел да „преживеат“. Еве сега со вирусот, можеби ќе звучи глупаво но ние се откажуваме од најблиските со цел да не ги изгубиме. Се откажуваме од прегратки, дружби, излегување. Контрадикорност нели? Има луѓе кои единствено нешто што ги држи во живот се баш тие работи. Има луѓе кои не можат да живеат без прегратки. Со самава ситуација им се создава таков притисок што тие постојано умираат во себе но никој не зборува за тоа.... Слики од бели дробови, слики од луѓе кои се лечат, слики од излечени луѓе, слики од луѓе кои за жал починале. Сите лоши, темни, мрачни слики.
Што е со онаа личност која наводно изгледа „нормално“? Нема ниту една гребнатинка на своето тело но умира внатрешно.. се додека вистински не го напушти нејзиното тело. Онаа личност на која психичката состојба не и нуди никаков избор? А, ние ја гледаме како здрава личност.
Мора да сте логирани да напишете коментар.