Сите ја сакаат Месечината. Тоа е докажано. Добро, научно не е потврдено, но сигурно секои 9 од 10 луѓе се фасцинирани од неа. Малкумина се од оние коишто не ја сакаат. Но колку работи знаете за ова небеско тело?
Прочитајте ги овие 10 факти кои треба да ги знаете во врска со Месечината.
1. Постои човек на Месечината. Добро, не баш вистински човек. Према НАСА, оноа што ние го гледаме од Земјата а изгледа како човечко лице, всушност се површини исполнети со темни карпи од базалт.
2. Дванаесет луѓе чекореле по Месечината. Нил Армстронг бил првиот којшто во 1969 година зачекорил на ова небеско тело. Помеѓу останатите уште се и Баз Олдрин и Алан Бин.
3. Месечината се загрева и изладува многу повеќе од Земјата. Може да се загрее и до 126 степени Целзиусови, но и да достигне температура од -170 степени Целзиусови.
4. Од прилика Месечевото обиколување околу Земјата трае месец дена.
5. Секоја полна Месечина има поинакво име. Во септември е Harvest moon, во јуни Strawberry Moon , во август Sturgeon Moon и Thunder moon во јули.
6. Иако на Месечината постои област под име Мирно море, сепак не постои море. Заблудата е уште од времето на Галилео Галилеј, првиот човек кој го студирал ноќното небо користејќи телескоп. Иако е докажано како невистинито, поимот едноставно останал до ден денес.
7. Месечината има гравитација.
8. Месечината не е совршено кружна, туку со јајцевиден облик.
9. Месечината не станува поголема на хоризонтот. Тоа е оптичка илузија - Месечева илузија, која создава трик во нашите очи.
10. На Месечината постои мраз, за кој НАСА мисли дека доаѓа од кометите.
Мора да сте логирани да напишете коментар.