Десет најскапи намирници во светот

 

Сите сакаме да пробаме убави работи, но сепак некои од нив не можеме да си ги дозволиме. Затоа ќе го споделиме тоа што другите го кажале за овие намирници.

 

 

10. Copi luwak (civet) кафе - 100 долари (6.810 ден) по шоља.

 

kopi luwak

Едно од најскапите кафиња во светот. Најинтересен факт е тоа што ова кафе е направено од животниски измет. Поточно кажано од зрната кои се наоѓаат во азиското животно кивет (сродство мунгос) кое потсетува на нашите мачки. Наводно нивниот дигестивен тракт на кафето му дава слаткаста арома и нежен, но многу впечатлив вкус. Годишното производство на ова кафе во светот е околу 450 килограми и најмногу се продава во Јапонија и САД. 

 

 

9. Говедско месо Wagyu Ribeye - 250 долари (17.019 ден) по парче 

 

wagyu ribeye

 

Ова ретко говедско месо доаѓа од Јапонија, од говедата кои редовно се масираат и во својата исхрана и самите користат говедско месо. Мислите дека месото е нешто поразлично? Не, сосема е ист вкусот на месото како нашето говедо, но масирањето на говедото се прави само за да се спречи згрчување на мускулите на говедото во малиот простор кадешто се сместени. Оние кои го пробале ова месо тврдат дека има спектакуларен вкус. 

 

 

8. Berco′s Billion dolars топчиња-  250 долари (17.019 ден) по паковање. 

 

Berco’s Billion Dollar Kokice

 

Посолени со најскапата сол со додаток на органски шеќер за карамела, овие топчња содржат и снегулки кои се јадат, прелиени со злато од 23 карати. Сепак 23 каратното злато си ја прави и цената. 

 

 

7. Сирење од магаречко млеко - 1.000 долари (68.083 ден) по килограм 

magareći sir iz zasavice

 

Ова сирење доаѓа од Србија. Направено е по традиционален рецепт од магарешко млеко на фарма во Засавци, 50 километри од Белград. Знаеме дека магарињата произведуваат многу мала количина на млеко, и затоа постапката се повторува три пати дневно. Проценето е дека треба повеќе од 15 магариња за да собереме околу 4литри млеко. Се смета дека во иднина неговата тежина ќе се мери во злато.

 

 

6. Golden Phoenix Cupcake мафини - 1.000 долари (68.083 ден) по парче. 

 

golden phoenix cupcake

 

Една од најскапите мафина во светот, направена од зрна со ванила увезени од Уганда, и првокласна чоколада Амедеи Порцелан. После тоа се додава ладен прелив од чоколадо и се прекрива со прехрамбен прав од злато. 

 

 

5. Шафран (зачин)- 1.500 долари (102.159 ден) за околу 450 грама.

 

začin šafran

 

Најскапиот зачин на светот кој доаѓа од истоименото растение. Секој цвет донесува по три дела кои многу внимателно се берат, а потоа се сушат. Висината на цената ја допринесува потребната рачна работа неопходна за собирање и сушење. 

 

 

4. 230 Fifth HotDog -2.300долари (156.608 ден) по парче. 

 

230 fifth hotdog

 

Во најскапиот ресторан и во најскапиот хот дог може да уживате во 230 Fifth во Њујорк. Закажете 48 часа однапред, понесете со вас околу 156.608 денари или 2.300 долари, и ќе добиете хот дог исполнет со најдобиот кавијар и големина колку бејзбол палка. 

 

 

3. Yubari King диња- 12.000 долари (817.203 ден) по парче 

 

yubari king

 

Оваа сорта на диња настанува само во стаклениците во градот Јубари во Јапонија. За таа цена вие внесувате многу здрави материи. Има многу убав сладок вкус. 

 

 

2. Златни ливчиња за јадење - 15.000 долари (1.021.607 ден) за околу 450 грама. 

jestivo zlato

 

Во главно овие ливчиња се користат како декорација на храната. Цената им варира од тежината. Најпопуларни се во периодот кога се доделуваат наградите за Оскар. На некои луксузни журки овие ливчиња се ставаат во шампањ. 

 

 

1. ALMAS кавијар - 25.000 долари (1.702.906 ден) 

najskuplji kavijar

 

Овој кавијар важи за еден од најскапите кој може да се набави. Не секој може да го нарача, па затоа ако успеете да го нарачате, ќе го добиете спакован во метална кутија позлатена со 24 карати чисто злато. Наменет за кралеви, принцеви и многу богати луѓе.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот