Династија Медичи - Успонот и падот на банкарското семејство

Единствено семејство кое оставило траг во историјата на Фиренца. Постојано заедно растело и се ширело.

 

Династијата „Медичи“ владеела со Фиренца од 14 до 18 век. Големото богатство кое им го донело банкарството му овозможило активно учество во друштвено - културниот живот, а со тоа ја развиле Фиренца во секој поглед. Корените на ова семејство се смета дека потекнуваат и дека тесно се поврзани со еден од витезите на франческиот крал Карло Велики. Како што се зборува витезот по име Аверардо јавал во областа северно од Фиренца при што наишол на џин кој што го плашел населението и тие што поминувале таму. Во текот на борбата џинот го гаѓал витезот со железни топки по неговиот штит но штитот бил од злато и бил речиси непропустлив. Успеал да го совлада џинот, и затоа грбот на династијата Медичи е инспириран од оваа случка и затоа се среќаваме  со црвени топки на жолта подлога која го симболизира златниот штит на витезот. Во 1397 Џовани де Бичи Медичи основал банка која била темел на моќта и богатството на ова семејство во наредните векови. Фиренца во тој период станала центар на банкарството а нејзиниот златник флорин станал стандардна валута во Европа во 14от век. Во 15от век со банката управува синот на Џовани, Козми правејќи ја банката една од највлијателните  финансиски институции со ограноци во Рим, Венеција, Неапол, Милано, Лондон и многу други значајни градови на стариот континент а за главен клиент се сметал Ватикан.

dinastija mediči

 

Благодарејќи на богатството со кое се стекнал, Козми решил да влијае и во политиката при што станува мецена и ја ставил Фиренца во самиот центар на ренесансата. Банката својата моќ започнува да ја губи по смртта на Козими во 1464 година и неколку ограноци биле затворени. Меѓутоа династијата Медичи не престанала да постои и, и подарила на Фиренца и Тоскана неколку силни војводи  а некои од нив станале многу познати во периодот од 1530 до 1737година. Лоренцо де Медичи е еден од највлијателните и најистакнати членови на династијата, бил основач на школата за вајарство во која што бил примен и младиот уметник Микеланџело. Примајќи го неверојатниот талент Лоренцо Величенствениот како што го нарекувал народот го примил Микеланџело и 4 години живеел со семејството Медичи како дел од нив. Палатата на Медичи ги отворила и вратите на Сандру Ботичели уметник со неверојатен талент, а историчарите тврдат дека и младиот Леонардо Да Винчи одреден период живеел во семејството Медичи. Медичи династијата вложувала и се залагала и во науката па Галилео Галилеј бил приватен учител на членови од семејството. Галилеј во тоа време останал без приходи и нема за да го прехрани своето семејство и добил понуда да го подучува Козми де медичи малолетниот син на Фердинанд Први, големиот војвода од Тоскана. После тоа бил и приватен учител на сопругата на Фердинанд која мислела дека Галилеј е астролог и побарала од него да изработи хороскоспка карта за нејзиниот сопруг. Во 1610година научник открил дека Јупитер има природни сателити и ги нарекол Семејството Медичи а книгата со своите откритија која ја напишал ја посветил на неговиот бивш ученик Козми.

Во 15от век еден од најголемите противници на фамилијата Медичи, Гилермо Савонарола јавно го критикувал семејството обвинувајќи го за неморал и тиранија. Две години по смртта на Лоренцо Величенствениот, неговиот син Пјер бил симнат од тронот од страна на француската војска. После тоа Савонарола станал реформистички лидер кој во 1497 година наредил да се запалат сите предмети поврзани со неморална слабост како: огледала, книги од т.н. неморални писатели, козметика, убава облека и мнгоу други вредни предмети останати од семејството Медичи. Ги запалил во центарот на Фиренца. Подоцна влегува во конфликт со Папата при што е обесен и запален на истото место кадешто претходно ги запалил предметите.

dinastija mediči

Во 1512година семејството Медичи повторно стапува на сила и во своето опкружување има многу важни, познати и почитувани личности, меѓу нив се две кралици, четири папи и многу познати војводи. Највлијателна била кралицата Катерина Медичи која на Франција и подарила три крала. Катарина останала сираче набрзо после раѓањето на 14 годишна возраст се мажи за Анри Втори син на кралот Франсоа Први и во 1547 година станува кралица преземајќи го тронот на својот сопруг. Анри Втори животот го изгубил на трагичен начин во витешки турнир, притоа тронот требало да припадне на неговиот млад и релативно многу болежлив син Франсоа. На местото на неговиот десегодишен син (на Катарина) Катарина Медучи во 1560 година повторно стапува на тронот. Таа го надживеа и нејзиниот втор син, а за време на владеењето на своето четврто дете Анри Трети од 1574 до 1589 година била вклучена во политичките води. Втората француска кралица од династијата Медичи е Марија сопругата на Анри Четврти. Била кралица од 1600 тата па се до убиството на  нејзиниот сопруг во 1610 година. После тоа станала регент на местото на нејзиниот син Луј Тринаесетти кој во 1617 година самостојно седнува на тронот и ја протерува неговата мајка. После 300 години владеење на династијата Медичи за жал умира и Џон Гастоне, големиот војвода од Тоскана во 1737 година, притоа зад себе не оставајќи никаков потомок. Неговата сестра Ана Марија де Медичи, последниот член на оваа династија починала 1743 година, оставајќи зад себе големо богатство кое освен уметничките слики кои им ги дава на државата со ултиматум да не излезат од Фиренца, а се останато му припаднало на нејзиниот сопруг Марие Терзи кој во 1745 година станува Франц Први, царот на римското царство. 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот