Џејн Остин, 10 мисли и цитати

Џејн Остин (Стивентон 16 декември 1775 - Винчестер 18 јули 1817) била англиски писател и книжевник, најпозната по својот роман „Гордост и предрасуди“, една од најдобрите книги во историјата на пишаниот збор.

 

Родена во Стивентон, Велика Британија од татко Џорџ (свештеник) и мајка Касандра. Целиот свој живот го минала со своето семејство, кое било дел од пониските класи на англиското благородништво. Првенствено школувана од нејзиното семејство, таткото и постариот брат, и преку свое самостално читање, токму безрезервната поддршка на семејството ќе стане битна во нејзината определба како професионален писател.

На почетокот на нејзината кариера експериментирала со разни книжевни форми, напишала три романи и почнала четврт.

Голем успех постигнува со нејзините следни романи „Разум и чувства“ (1811) и „Гордост и предрасуди“ (1813), „Паркот Менсфилд“ (1814) и „Ема“ (1816).
Делата на Остин, пред се, иако главно комично, ја нагласуваат зависноста на жената од бракот за да обезбеди положба во општеството и економска безбедност.

                                                                                            „Гордост и предрасуди“ (1813)

 

За време на нејзиниот живот одлучила сите нејзини дела да ги издава анонимно, но со издавањето на „Мемоарите на Џејн Остин“ од страна на нејзиниот внук во 1869 година, привлечени се светската јавност и критиката, кои покажале голем интерес за нејзините дела. Денес, Џејн Остин претставува големо име во светската литература, а нејзините романи се опишани како уметнички, идеолошки и историски. 

Починала премногу рано, во 1817 година, во својата 41 година од животот.

 

Во нејзина чест издвојуваме 10 цитати од животот и творештвото на големата писателка.

 

 

„Ништо не ме онерасположува, освен кога треба да правам нешто што не ми се допаѓа.“

 

„Никому не му пречи да има нешто што е предобро за него.“

 

„Суетата во комбинација со немоќна глава ги произведува сите зла.“

 

„Дај и на девојка образование и правилно запознај ја со светот и ќе има можност да живее одлично, без да биде на трошок на другите.“

 

„Ако книгата е добро напишана, секогаш имам чувство дека е премногу кратка.“

 

„Знаете, себичноста мора секогаш да се простува, бидејќи не постои надеж дека може да се излечи.“

 

„Ако те сакав помалку, ќе можев да зборувам повеќе.“ – „Ема“

 

„Тој е џентлмен, а јас сум ќерка на џентлмен. Засега, ние сме еднакви.“ – „Гордост и предрасуди“

 

„Личноста, без разлика дали е маж или жена, која не ужива во добра книга, мора да е неподносливо глупава.“ – „Опатијата Нортангер“

 

„Фантазијата на жената е многу брза; за само еден момент може да скокне од почит во љубов и од љубов во брак.“ – „Гордост и предрасуди“

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.