Еден ден ќе бидете навистина среќни, онолку среќни колку што сега се преправате дека сте!

Вие секогаш сте биле онаа силна девојка која не може лесно да се повреди. Девојка која живее со широка насмевка на лицето. Девојка која е подготвена да стори сé за да го подобри нечиј ден. Девојка која ги тера сите да се насмевнат.

Дури и ако ви се случуваат лоши работи, некако секогаш успевате да останете силни и да се справите со проблемите на најлесниот можен начин. Некако минувате низ сите препреки и не дозволувате негативната страна на животот да влијае врз вас.

Или така мислат луѓето.

Она што никој не знае е дека сето тоа е маска. Никој не знае што се требаше ти да поминеш и со што се требаше ти да се избориш во животот. Сите околку тебе гледаат само насмеана девојка без грижи, но никој не се обидува да погледне што има под површината. Единствената работа што ја забележуваат сите наоколу е силната жена, но тие не ја забележуваат повредената и исплашена девојка која се крие во неа.

Никој не знае дека се плашите да му покажете на светот какви сте навистина. Се плашите да се откриете емотивно на некој што може да го користи тоа против вас. Преплашени сте да ја покажете вашата ранливост затоа што сте сигурни дека некој ќе ја искористи предноста.

Вие не сакате да ги покажете вашите вистински чувства, затоа што сите ќе мислат дека сте слаби во моментот кога ќе го сторите тоа.

Секој го гледа начинот на кој го живеете вашиот живот и како успешно се справувате со различни ситуации. Но, никој не знае и не ги гледа вашите непроспиени ноќи, солзите што не можете да ги контролирате и моментите на слабост и немоќ.

Оние што се најблизу до вас не знаат за сите болки што сте ги закопале длабоко, а кои ги криете дури и од себе. Секој ја гледа само вашата среќна страна и никој не се обидува да ја види вашата несреќна природа.

Треба да бидете горди на себе за силата што ја имате и запомнете дека најсилните секогаш страдаат тивко. Само помислете на сите тешкотии што требаше да ги поминете без некој да ве држи за рака или да ви каже како сè ќе биде добро. Но, тоа не значи дека немате право да се чувствувате на начинот на кој се чувствувате.

Луѓето се навикнати да ја гледаат вашата среќна верзија и вие се плашите од тоа како ќе реагираат кога ќе ги видат страдањата што ги чувствувате. Верувајте во себе.

Вие сте убедени дека покажувањето на емоции се смета за слабост.

Време е да престанете да ја криете болката, затоа што порано или подоцна вие ќе се справите со болката и ќе биде среќни. Време е да си кажете дека сте доволно силни. Време е да верувате во себе и во подобра иднина за вас.

Можеби нема да верувате во тоа, но еден ден ќе се разбудите весели и ќе се почувствувате навистина среќни. За прв пат по долго време, вашата насмевка ќе биде искрена. Сè ќе започне да се средува малку по малку. Наеднаш ќе се појават исчезнатите парчиња од сложувалката наречена живот.

Затоа, не се откажувајте од себе и не престанувајте да ја барате среќата. Не дозволувајте болката да ве јаде одвнатре, бидејќи во животот се е минливо.

Еден ден ќе бидете навистина среќни, без да се преправате. Вие го заслужувате најдоброто што може да го понуди животот.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот