Една од најубавите песни на Нови Фосили крие љубовна приказна со тажен крај

 

„Милена“, една од најубавите песни на Нови Фосили крие љубовна приказна со тажен крај.

 

 

Познатата песна на загребачкиот бенд кој со децении е еден од најпродаваните и најпопулрани бендови на просториите на бивша Југославија, станала омилена кај големиот дел на публиката не само поради текстот и мелодијата, туку и поради приказната која стои зад неа.

Хрватскиот музичар и лидер на групата „Нови Фосили“ Рајко Дујмиќ, кој почина на 4 август (пред два дена), шест дена после сообраќајната несреќа во која се здоби со тешки повреди на главата, бил роден во Загреб 1954 година.

Во текот на својата кариера има напишано многу хитови кои станаа евергрини, како за Нови Фосили, така и за други музичари, за кои ќе ја спомнеме песната „Rock Me Baby“ на групата Рива со која Југославија победила на изборот за Евровизија во 1989 година. А меѓу сите тие познати песни е и песната „Милена“

 

Која е Милена?

Во своите интервјуа Рајко честопати зборел за својата Милена, жената со која не успеал да оствари љубовна врска. Милена била Македонка која Дујмиќ ја запознал во Херцег Нови. Била социјален работник од Неготино. При нивното запознавање, Рајко и рекол: „Милена, ќе завршиш во некоја од моите песни“. Не му поверувала.

 

Поминале цела ноќ зборувајќи, при што на самиот крај од дружбата Рајко ги изговорил зборовите: „Сега ќе се поздравиме и можеби никогаш повеќе нема да се сретнеме, а ти ќе се увериш дека јас никогаш не лажам“.

 

 

После 2 и пол години Нови Фосили имале настап во спортската сала во Неготино, како дел од турнеата под назив „Милена Генерацијо“.

„Ми се приближи еден од членовите на обезбедувањето и ми кажа дека ме бара жена со 2 деца и својот сопруг, која тврдела дека ме познава. Беше тоа мојата Милена. 
Со солзи во очите ми рече дека сеуште не може да поверува дека вакво нешто може да се случи. И реков дека човекот се држи за збор, а волот за роговите“ низ едно од своите интервјуа раскажал Рајко Дујмиќ.

 

Да се потсетиме, песната „Милена“ е објавена во 1983 година на албумот „Poslije svega“.

https://www.youtube.com/watch?v=jSouEC8BFuI

(Novi Fosili - Milena)

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.