Сигурно ќе се сложите дека „Можеби здравјето не е се, но без здравје се е ништо“. Досегашното искуство говори дека во зимскиот период треба посебно да внимаваме да не се преладиме, а во лето може да бидеме поспокојни. Но, овој период не е баш така. Живееме во време на пандемија од КОВИД 19. Главна препорака на надлежните е да се држи дистанца и да се носи заштитна маска на лице. Секако овој период доколку сепак се праладите и покажувате симптоми како висока температура и имате кашлица, веднаш треба се обратите кај својот матичен лекар и треба да се направи КОРОНА тест. Без разлика дали е тој позитивен или негативен, доколку имате температура секако покрај главните препишани лекови од доктор, ви нудиме и домашен лек, кој лесно се подготвува, а е многу ефикасен при симнување на темпетарура и прочистување на дишните патишта.
Лекот брзо се подготвува, не е скап, па имале или не симптоми добро е да си го имате во домот, што би се рекло за „Не дај боже“.
Потребно ви е 1 литар домашна ракија, 50 грама бобинки од смрека и 50 грама рузмарин.
Бобинките ги мелите, исто и рузмаринот(само игличките - зелениот дел без гранчето) и сето ова се меша со ракијата.
Оваа смеса треба да се остави да стои најмалку три дена на собна температура, а при тоа неколку пати во текот на денот да се протресува.
Доколку има потреба овој домашен лек можат да го конзумираат и деца.
Од оваа смеса возрасни можат да пијат по една голема лажица три до четири пати на ден, а деца мало кажиче 2 до 3 пати на ден.
Лекот е испробан и многу ефикасен.
Наш совет е да не посегнувате на своја рака по антибиотици. Научно е докажано дека секој антибиотик покрај полезно има и негативен ефект врз организмот. Токму поради тоа пречесто пиење на антибиотици предизвикува зголемен број на фатални случаи на дијареа кај децата, ја нарушуваат деликатната цревна флора, ги претвораат добрите бактерии во лоши, ги зголемува случаите на неизлечлива гонореја и секако зголемување на болничките трошоци.
Природата ни дала се на дланка. Наше е само да ги искористиме плодовите. Во случајов бобинките од смрека ги има на секаде низ Македонија, лесно може да ги препознаете и да ги соберете. Рузмарин има скоро во секој двор, а ракијата е македонски бренд кој не чини многу, а има полезно дејство.
Затоа, не само за висока температура која најчесто е предизвикана од вируси, на кои не делуваат антибиотици најдобро е да се обидите да ја симнете со домашни препарати, благодетите од природата треба да ги искористите и за други здравствени нарушувања.
Народот вели: Настинка поминува по „7 дена со терапија“ или „една недела дома“. Токму поради тоа обратете се на лекар доколку сметате дека навистина треба. А антибиотик земете да пиете доколку е неопходно.
Камлица, нане, жалфија, невен, планински чај, маточина... се само дел од билките кои ги има околу нас. искористете го секое годишно време за да соберете дел од овој дар од природата за да се најде кога е потребно.
Мора да сте логирани да напишете коментар.