За многумина поимот esheria koli можеби нема да значи ништо, но за оние кои се соочиле со оваа неверојатно досадна и повторувачка бактерија и самото спомнување на истата може да предизвика кревање на косата и будење на непријатно чувство.
Еsheria koli особено знае да биде непријатна кај најмладата популација - децата. Нејзиното често повторување може да предизвика создавање на дупчиња на бубрезите. Поради тие причини сосема е оправдан стравот и грижата што се јавува кај многумина родители кои се соочиле со овој проблем.
Кога станува збор за мало дете, поготово ако се работи за бебе, најголемиот товар паѓа врз плеќите на родителите бидејќи детето не умее да искаже со зборови што точно го вознемирува. Првиот сигнал кој укажува на проблем е намален апетит и покачена температура кај детето. Нивното постојано грчење и офкање ке биде уште една причина веднаш да се обратите кај матичниот лекар кој дополнително ќе ве насочи што да направите понатаму.
Кога резултатот од земениот примерок од урина и уринокултура ќе ви потврдат присуство на esheria koli вашиот лекар ќе предложи терапија со примена на антибиотици. Во тој момент многу е важно да се утврди на кои антибиотици е осетлива самата бактерија. Во самиот процес голема улога има и употребата на пробиотиците. Самиот процес на лекување не е воопшто лесен од причина што бактеријата знае да биде доста упорна и да се повторува.
Причината загриженост постои кога бактеријата предизвикува инфекција кај детето. Тогаш мислењето на добар нефролог од особено големо значење. Исклучување на присутност на рефлукс или народски кажано мочкање во бубрег исто така е олеснителна околност.
Во борбата со esheria koli родителите мора да бидат максимално трпеливи. Децата во најголем број случаи ќе одбиваат да пијат течности, но родителите се тие кои мораат да изнајдат начин да го мотивираат детето. Тоа може да биде некоја интересна чаша со нивните омилени јунаци, шишенце или нешто друго. Во секојдневната исхрана на детето воведете употреба на брусница или ако детето е мало во зависност од возраста може да употребите и капки. Секојдневно конзумирајте свежо овошје и зеленчук. Дајте им шанса на јаболките и брусницата. Бактеријата ќе се залепи за нив и детето ќе ја исфрли преку мочкањето. Ако родителите од нивната исхрана ги исклучат рафинираниот шеќер и белото брашно децата ќе почнат да го следат нивниот пример. Редовно носете го детето на контрола и следете се што ќе ви препорача вашиот лекар, редовно одржувајте хигиена, редовно менувајте пелени доколку детето е на таа возраст. Објавете и војна на бактеријата и станете соучесник во борбата на вашето дете.
Мора да сте логирани да напишете коментар.