Феноменот ДЕЖА ВУ е информација добиена од друга димензија

Дежа ву е една од недоволно проучените мистериозни појави на нашата психа. Многу луѓе имаат чувство дека нештата што им се случуваат се случиле и порано. Тие се сеќаваат на сè со најмалите детали, но не знаат како и кога се случил овој настан. Овој феномен е познат како „Дежа Ву“. Тој потекнува од францускиот јазик и во превод значи „Јас веќе сум го видел“. Ова е ситуација во која човекот има чувство дека ја доживува втор пат.

Дежа ву е многу честа појава. Психолозите веруваат дека 97% од луѓето го искусиле тоа барем еднаш во животот. Некои луѓе се плашат од Дежа ву и се грижат на своето  ментално здравје. Ова е нормална реакција, бидејќи нештата што не спаѓаат во нашиот домен на разбирање, во повеќето случаеви не плашат.

Причините за феноменот Дежа ву сè уште не се целосно јасни. Овој феномен може да е поврзан со некои процеси во одредени делови на мозокот кои се одговорни за нашата меморија и перцепција. Постои хипотеза дека понекогаш согледаните информации побрзо стигнуваат до одредени делови на мозокот, кои се одговорни за меморијата, за паметењето, на мозокот. На овој начин, мозокот ги споредува информациите со она што веќе е присутно и пристигнало до меморијата и заклучува дека тоа веќе се случило порано.

Човечкиот мозок работи преку биолошка електроника. Добива биоелектрична енергија од целото тело и од себе. Двете хемисфери на мозокот ја концентрираат оваа енергија на различни начини.

Психологијата сè уште не е во состојба детално да ја опише оваа функција на нашите ментални форми. Како и да е, напредокот во квантната физика ја докажува можноста за постоење на ментални форми во форма на енергија, истовремено. Уште од многу одамна е докажано дека квантот може да постои на различни места, во исто време. Физичарите докажуваат дека светлината од далечните ѕвезди достигнува до нас во исто време во минатото, сегашноста и иднината.

Така, ако некое лице доживее Дежа ву, тоа може да биде резултат на информации од неговите силни мисли формирани во минатото или иднината. Ова значи дека се отвора јасна, но мистериозна можност за нас да добиваме информации од различни димензии преку нашите умови. Силни и пролонгирани облици на размислување се создаваат под влијание на силни емоции и мотивација. Ова е причината зошто емоционалните луѓе со доминантен карактер најчесто доживуваат Дежа ву.

Дежа ву не е физичко заболување и не треба да ви пречи ако го доживувате овој феномен често. Обидете се да добиете најголема можна емоционална сатисфакција од овој феномен и вашиот страв веднаш ќе исчезне. Дополнително истражување за феноменот Дежа Ву ќе ни помогне да го контролираме и искористиме, за да научиме повеќе за нашите способности.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот